Ахмети е повикан во рамките на истрагата за потврдување на обвинението за воени злосторства поднесено против косовскиот претседател Хашим Тачи , но и против поранешниот претседател на косовскиот парламент. Планот бил Ахмети да сведочи во Хаг, но потоа е сменето и локацијата на интервјуто е ЕУЛЕКС во Приштина.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 септември, 2020 17:12

Ахмети сведочи пред косовскиот суд за воени злосторства- дојде со обезбедување и со придружба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото телма.мк

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, утринава пристигнал во Приштина на целодневно сведочење во централата на Еулекс каде се врши распитот од страна на претставниците на обвинителството за воени злосторства на Косово. Ахмети пристигна со ауди со тетовски таблички во друштво на обезбедување, објави Телма.мк.

-Тој дојде со автомобил, со автомобил на кој има регистарски таблички со ознака на Тетово и во друштво на луѓе од партијата ДУИ, изјави за Телма Бесник Тахири, новинар на ТВ Клан-Косово.

Во придружба на Ахмети во Приштина е и Артан Груби.

-ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АХМЕТИ Е ВО ПРИШТИНА КАДЕ СЕ ОДВИВА ИНТЕРВЈУТО СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НА КОСОВО КАКО СВЕДОК ЗА НЕГОВАТА УЛОГА КАКО ОСНИВАЧ НА ОВК И НАРОДНОТО ДВИЖЕЊЕ НА КОСОВО. ИНТЕРВЈУТО ЗАПОЧНА ДЕНЕС ВО 09:30 ЧАСОТ ВО ПРИШТИНА И СЕ ОЧЕКУВА ДА ЗАВРШИ ПОПЛАДНЕВО.  ВЕРОЈАТНО ЌЕ ПРОДОЛЖИ УТРЕ ЗА ДА ЗАВРШИ ПОПЛАДНЕ И ПОТОА ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО СКОПЈЕ, СТОИ ВО ПИСМЕНАТА ИЗЈАВА НА АРТАН ГРУБИ. 

Ахмети е повикан во рамките на истрагата за потврдување на обвинението за воени злосторства поднесено против косовскиот претседател Хашим Тачи , но и против поранешниот претседател на косовскиот парламент. Планот бил Ахмети да сведочи во Хаг, но потоа е сменето и локацијата на интервјуто е ЕУЛЕКС во Приштина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак набави вакцина против сезонски грип.

Хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ го обвини министерот за здравство Венко Филипче дека потфрлил, откако вчерашните...

Тие велат дека со години градот не им ги дава тешко заработените пари и дека веќе немаат друг избор освен, повторно да се обидат преку суд да го добијат тоа што им следува.

Пожарникарите на протест за плата – „Не ги држиме со сила на работа“, вели Шилегов

Скопските пожарникари иако пред осумнаесет месеци добиле судска пресуда со која им...