Дали некој украл, нека ги дадат прислушкувањата, дали некој дал наредба за противзаконско дејствување, јас ќе ги поздравам прв од ДУИ ако ги даваат овие факти, но такви нема, рече Ахмети.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 јули, 2019 11:12

АХМЕТИ СЕ ИЗНЕРВИРА: “Овие луѓе мислат дека Албанците „ПАСАТ ТРЕВА“ и ќе не казнат поради приватни разговори”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Лидерот на партијата ДУИ, Али Ахмети, на првото собрание на ДУИ што се одржа во Сарај пред партискиот конгрес рече дека ДУИ како движење има цврста историја затоа што е дел и продолжение од отпор пред освојувачите и оние кои, како што рече, сакаат да ги искоренат Албанците од оваа земја.

Ахмети на првото собрание на ДУИ, што се одржа во Сарај зборуваше за пропагандата која сите на див начин и како волци ја организираат против ДУИ. Претседателот на партијата изјави дека како лидер на ДУИ, прв ќе ги поздрави издржаните докази против функционери од неговата партија.

–Каде им се фактите, нека покажат еден аргумент од десетиците илјади прислушкувања дека некој од ДУИ ја има злоупотребено власта и довербата, дали овие луѓе мислат дека Албанците пасат трева и ќе не казнат нас поради приватни разговори, тие може да имаат краткотраен ефект, но подоцна граѓаните ќе почнат да размислуваат – истакна претседателот на партијата.

–Дали некој украл, нека ги дадат прислушкувањата, дали некој дал наредба за противзаконско дејствување, јас ќе ги поздравам прв од ДУИ ако ги даваат овие факти, но такви нема затоа што ние не сме избрани за да ја изневериме довербата на гласачите. Јас не велам дека нема и ѓаволи, ајде да ги пронајдеме, но не со празни зборови туку со одредени дејствија – рече тој.

Тој исто така напомена и за тоа што ДУИ го направила за Албанците во Македонија.

–Да застанеме и да направиме анализа кој направил најмногу за оваа земја, на сè што е направено, не само напишаното, но и документираното во сите области на дејствувањето, од националното знаме до унивезитетите, јазикот, културата, што се подигнаа на повисоко ниво – посочи Ахмети.

– Останува оваа обврска, ова богатство, дека народите и граѓаните со фанатизам ги чуваат изградените вредности. Ако на Ирците им ја чепнеш Шин Фејн или ИРА, која произлегува како ДУИ од ОНА, ќе ти ги искорнат очите затоа што се повредува историјата, вредноста. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Христијан Мицкоски ја изрази својата загриженост поради лошата економска и политичка состојба и ја нагласи потребата за засилени реформи во процесот на исполнување на стратешките приоритети на Република Македонија.

Мицкоски на Рикер му ја изрази својата загриженост поради лошата економска и политичка состојба во земјава!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со вршителот на должност,...

ВМРО-ДПМНЕ бара темелна истрага за случајот “Рекет“, особено за вмешаноста на Катица Јанева и други обвинители од СЈО

Мицкоски: Нов закон за обвинителство и истрага за обвинителите од СЈО во “Рекет“!

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ предлага закон според кој обвнителите како Катица...