Прво, се врши моментална амнестија на функционери од владејачката гарнитура за кои има тековни постапки (Драги Рашковски, Мухамед Зеќири) и идна амнестија на оние што би се нашле под прогон по промена на власта.

Објавил: Сара Петреска | 16 септември, 2023 16:42

Ахмети тврдел дека има план за Груевски – ќе помогне од далечина или ќе се врати во земјава?

Фото/Текст извор: ©фокус

Уште пред да поминат измените на КЗ, функционери на ДУИ брифираа дека Ахмети ги уверувал оти води сериозни преговори со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, како и дека работи на враќање на Груевски, пишува неделникот „Фокус“.

Eкспресните измени на Кривичниот законик, со кои, меѓу другото, се ублажуваат казните за „злоупотреба на службената положба“ и „злосторничко здружување“, што овозможува побрзо застарување на овие дела, постигнуваат неколку цели

Прво, се врши моментална амнестија на функционери од владејачката гарнитура за кои има тековни постапки (Драги Рашковски, Мухамед Зеќири) и идна амнестија на оние што би се нашле под прогон по промена на власта.

Второ, се подава рака кон ВМРО-ДПМНЕ, која декларативно беше „против“, но практично обезбеди кворум за овие измени, што воедно овозможуваат амнестија и на многу вмровски функционери, главно опфатени во предмети на СЈО.

И трето, се врши делумна амнестија на експремиерот Никола Груевски, кому му застаруваат повеќе дела каде се гони, иако и понатаму му остануваат „правни предизвици“.

на претседателот Стево Пендаровски му било предлагано да го помилува Груевски во делата каде е осуден, но тој одбил таква опција.

Потоа, според нашите информации, лидерот на ДУИ Али Ахмети разработил и почна да спроведува план за спас на Груевски, во замена за помош за уставни измени, но и за правење на проблеми во ВМРО-ДПМНЕ.

 

Уште пред да поминат измените  на КЗ, функционери на ДУИ брифираа дека Ахмети ги уверувал оти води сериозни преговори со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, како и дека работи и на враќање на Груевски.

Сепак, во контекст на реализација на овој план, овие извори не споменуваа законски измени, туку одлука на Врховниот суд. Ако е така, тоа може да значи 2 работи.

Прво, Груевски да се обрати до Врховниот суд во врска со повлечената аболиција на експретседателот Ѓорге Иванов, откако тоа одби да го стори Судот во Стразбур.

Но, Врховен веќе се произнесе во врска со случајот „Транспортер“, одлучувајќи дека аболицијата не важи и пресудата за Владимир Талески е законска. Оттука, нема резон судот да се произнесе поинаку за иста работи по барање на друго лице.

Затоа, останува Груевски да бара вонредно преиспитување на пресудата во случајот „Плацови на Водно“, кој не е опфатен ниту со аболицијата, ниту со последните законски измени, па му претставува, условно кажано, еден од најголемите проблеми.

На тој начин, сценариото би можело да биде Груевски да се спаси од овој предмет слично какошто експремиерот Владо Бучковски се спаси во „Тенковски делови“ – укинување на првостепените пресуди и купување на време до застарување.

Што се однесува до другите предмети, во случајот „ТНТ“, Груевски е првостепено осуден на 9 години затвор за злоупотреба на службената положба. Но, со измените на КЗ предвидена е измена на овој член.

Истото важи и на делот за злосторничко здружување, за што експремиерот го гонеше во предметот „Титаник“, во пакет со злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања и повреда на избирачкото право.

Понатаму, предметот „Талир“, кој е вратен од почеток, е опфатен со законските измени, бидејќи прогонот се однесува на злоупотреба на службена положба, како и за перење пари.

Случајот „Талир 2“, пак, кој е во апелација, каде што се чека правосилна пресуда, исто така, е фатен со измените, бидејќи се сведува токму на злоупотреба на службената положба.

Што се однесува до предметите „Траекторија“ и „27 април“, првиот е застарен, додека вториот е сопрен. Токму за „крвавиот четврток“ Груевски потенцијално се соочува со највисока казна. Сепак, се погласно се говори дека и за овој случај можен е политички договор за општа амнестија.

За „Тенк“ и „Насилство во Центар“, пак, не се предвидени измени што се однесуваат на овие предмети, но таму казните се пониски, па и тие одат кон застарување. Последен случај поврзан со Груевски е „Феникс“, но тој е далеку од пресуда.

Неофицијално, Груевски веќе имал еден обид да опипа пулс кај вмровските пратеници за уставни измени, но тој поминал неуспешно. Едноставно, никој не сака да прави егзибиции во време кога ја гледа власта на дофат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Симецка денеска изјави дека се уште гледа можност за формирање на владејачка коалиција и додаде дека третопласираната партија ХЛАС ќе биде одлучувачки фактор за формирање на новата словачка Влада, пренесуваат британските медиуми.

Фицо ќе ја прекине воената помош: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на парламентарните избори во Словачка, денеска...

Според Камбовски, за донесување на новиот закон за аменстија неопходна е детална анализа која во моментов остсуствува. Вели потребни се аргументи дека пренатрупаноста е главен мотив за ослободување затвореници.

Работната група до крајот на месецов ќе подготви нов Кривичен законик- се враќа делото „злоупотреба на службената положба при јавни набавки“

Работната група која го подготвува новиот Кривичен законик нема да дозволи неказнивост...

Она што го има таму се луѓе кои направија многу штета за која следува многу години одговорност за сето она што им го донесоа на Македонија и на народот

По изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство на СДСМ, најавува Мицкоски

По поразот на изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство...