Претседателот на ДУИ рече дека ако не поднесуваа барања за секое прашање ништо немаше да се движи напред.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јули, 2020 21:27

Ахмети: Ќе имаме премиер Албанец, ова ќе стане реалност!

Фото/Текст извор: ©Лидер.мк

Централниот изборен штаб на Демократската Унија за Интеграција, синоќа престојуваше во Општина Желино, каде говори одржаа кандидатот за премиер Насер Зибери, кандидатот за пратеник Бедри Фазлиу како и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Али Ахмети е роден во Зајас Кичевско на 4. Јануар 1959.

Јавно изјавивме дека на Албанците им следуваат 12 важни институции од посебно значење во ова држава и тоа почнувајќи од претседателот на државата до Дирекцијата за безбедност. Немавме министер за одрбана и потоа тоа го добивме како министерство и гордо раководевме, немавме министер за внатрешни работи, тоа се случи и раководеше во најтешките, најделикатни времиња за земјата, успешно менаџирашесо целата ситуација. Немавме претседател на Собранието, тоа го направивме и посебно се гордеам за сите странски делегации кои ги пречекувам и за добрите зборови кои ги слушам за тоа како г-динот Талат Џафери раководеше. Не случајно на едно место реков дека се гордеам затоа што ова земја има двајца нобеловци Албанци, се гордеат Албанци и Македонци затоа што ги имаме Ферит Мурат и Мајка Тереза. Незавидно дека денес се исплашени и во паника, но јас Ви гарантирам дека ќе имаат еден премиер Албанец и ова ќе стане реалност, истакна Ахмети.

Претседателот на ДУИ рече дека ако не поднесуваа барања за секое прашање ништо немаше да се движи напред.

Ги познавам двете страни, им велам да ги тргнат предрасудите затоа што само така можете да одите напред и тоа само со искрена комуникација и соработка. Ние не го оспоруваме вашиот идентитет, вашиот јазик, ниту нашата заедничка држава, отстранете ги комплексите затоа што ние нема да го земаме вашето, но нашето не го даваме. Со националните симболи, со јазик, со Универзитети. Да знаат албанските бизнисмени дека јас сум се борел за сите нив и нека се потсетат дека другиот дел нема да им даде награда бидејќи се скаравме за да не им се одземе делот и тоа што им припаѓа според нивниот труд, рече Ахмети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар.

Поднесени две кривични за забавите на Градиште!

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и...

Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Мицкоски: Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадолженост, долгот достигна 59,5%

Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадоженост. За само три месеци владата...

Собраниските служби,пак, се подготвуваат согласно мерките за заштита од коронавирусот за одржување на конститутивната седница во големата сала со купола каде што ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни. Гласовите на оваа седница ќе се бројат рачно, а веројатно и на тие потоа, имајќи предвид дека во неа нема инсталирано систем за гласање.

Џафери ја напушта Инфективна, можно е да ја води конститутивната седница

Денеска претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери, кој беше хоспитализиран...