Се ќе биде по примерот како за Кичево, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во неговото синоќешно интервју во емисијата „Клик плус“ на Тв21.

Објавил: Македонка Димкин | 14 јули, 2018 20:55

Ахмети: ќе ја организирам дијаспората со автобуси и авиони од цела Европа да гласаат за промена на името!

Фото/Текст извор: ©тв21

Различни здруженија од земјите од Европа и Америка доброволно се пријавија за да ја организираме албанската дијаспора за референдумот, како што ги организиравме за изборите кога имаше потреба, на пример како за Кичево, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во неговото синоќешно интервју во емисијата „Клик плус“ на Тв21.

Контактираме со различни здруженија од земјите од Европа и Америка, како што ги организиравме за изборите кога имаше потреба, на пример за Кичево организиравме, истите пракси ќе се користат и за референдумот. Има заинтересирани здруженија, своеволно се пријавија за да помагаат во овој процес и сакаат да бидат дел од него, изјави Али Ахмети.

Тој, исто така кажа дека над 90% од Албанците не само што активно ќе учествуваат на референдумот, туку ќе бидат дел од пропаганда.

Јас мислам дека поголемиот дел од Албанците, да не кажам 100%, но над 90% од Албанците активно ќе учествуваат на референдумот. Не само што ќе учествуваат туку ќе бидат и промотори за излегување на референдумот, истакна Ахмети.

Ахмети рече дека за референдумот да биде валиден, од гласачкото тело кое во Македонија е 1.8 милиони гласачи, на гласање треба да излезат 900 илјади и еден гласач.


Али Ахмети е роден во Зајас Кичевско на 4. Јануар 1959. Интересен е фактот дека татко му на Ахмети доаѓа од село Октиси Струшко (каде ќивеат Македонци со муслиманска вероисповед) како домазет Тие се презивале Авмедов и подоцна го менуваат презимето како Ахемти. Ахмети беше и соработник на тогашната Југословенска тајна служба под името Александар.

Али Ахмети израснал во руралната населба Зајас, недалеку од Кичево. Помеѓу 1979 и 1983 година студирал филозофија на Универзитетот во Приштина во Косово. Помеѓу 1981 и 1983 година, тој беше исто така еден од лидерите на националистичкото студентско движење во Косово. Поради овие активности, Ахмети беше уапсен од страна на српската и југословенската власт и отслужи едногодишен затворски рок. Во 1986 година добил политички азил во Швајцарија и таму живеел се до 2001 година. Во 1988/89 година бил ко-организатор на студентски и рударски протести во Косово. Во 1996 година тој ја основал ОВК на Косово.
Во 2001 година Ахмети беше избран за врховен командант и претставник на ОВК во Македонија и Швајцарија поради тоа и криминалните измами *примал инвалидска пензија ) го прогласи во  како Persona non grata додека пак САД го ставија на “црната листа”.
По потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ОВК во Македонија официјално се распушти и нејзината наследна организација, политичката партија на ДУИ, беше вклучена во последователниот процес на исполнување на критериумите од договорот. На парламентарните избори во 2002 година, ДУИ успеа да освои 16 од 120 места, а потоа влезе во коалиција со социјалдемократите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.