Коцевски цел живот е активно во политиката, со исклучок од 2010 до 2017 кога се занимава и со приватен бизнис, како основач и управител на Друштвото за градежништво и консултантски услуги Афион-Велес.

Објавил: Стојче Бушин | 5 септември, 2020 8:20

Аце Коцевски заработи кривична пријава поради злоупотреба на службената положба и овластување

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Група на жители на Велес поднесоа кривична пријава против Градоначалникот на Велес Аце Коцевски за сторена злоупотреба на службена положба и овластување член 353 од кривичниот законик.

Коцевски цел живот е активно во политиката, со исклучок од 2010 до 2017 кога се занимава и со приватен бизнис, како основач и управител на Друштвото за градежништво и консултантски услуги Афион-Велес.

Неговиот општествен ангажман и политичка кариера започнува уште во студентските денови, како претседател на Сојузот на студенти при УКИМ-Скопје (1982-1983), потоа како Секретар на Сојузната социјалистичка младинска организација на поранешна Југославија (1986-1988), за потоа, во вториот состав на Собранието на Република Македонија да стане пратеник кандидиран од Либерално демократската партија на Стојан Андов (1994-1998).

Во 1999 година се префрла во извршната власт, како потсекретар во ресорот за локална самоуправа, но останува само една година. Причината е што се кандидира за градоначалник на Велес и победува на изборите во 2000-та година.

Аце Коцевски е роден во Велес на седми јули 1961 година. Цел живот е жител на Велес, оженет е и татко е на две деца, а според официјалните податоци зборува англиски и се служи со руски, српски и хрватски јазик.

Коцевски ја извршува функцијата прв човек на Велес во два мандата, до 2009 година, како кандидат на ЛДП, при што во вториот е и претседател на Советот за развој на Вардарскиот плански регион.

Во 2009 година повторно се кандидира, но губи од тогашниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Горан Петров. И во 2013 година се кандидира и губи со многу мал број гласови и со многу контроверзи од следниот градоначалник на Велес од ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев.

Во 2017 година Коцевски добива трет мандат да управува со Велес, овој пат како кандидат на СДСМ!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Новите мерки би важеле од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица!

Нови мерки: Полициски час од полноќ, се отвораат фитнес центрите и теретаните

Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ги...

За време на посетата на Брисел премиерот Заев ќе има средба и со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја членка и актуелен претседавач со ЕУ.

Европска агенда на Заев: Работни посети на Брисел, Мадрид и Атина, прва посета на кралството Шпанија на премиерско ниво

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, од вчера ги започна европска...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека нашиот единствен пат е кон Европската Унија, која мора повеќе да се ангажира околку обезбедувањето на нашата иднина бидејќи Зоран Заев не е Македонија туку Македонија е народот кој си има европски вредности.

Мицкоски: Нашата европска иднина е загрозена од секој криминален тендер

Христијан Мицкоски во денешното обраќање во Прилеп посочи дека ја живееме денешната...

Датум, впишан со златни букви во историјата на напредна Европа, како датум за паметење на милионите жртви. Датум за чествување на големото дело на прогресивните сили со кое беше поразено најголемото зло - фашизмот, кој по Втората светска војна зад себе остави ужас и рушевини на нашиот континент и во светот.

Нашиот природен дом е Европската Унија меѓу просперитетните европски нации

Денеска одбележуваме еден голем датум за два крупни настани во историјата на Европа...