Од сопствено искуство можам да претпоставам кој е инспираторот за вчерашната бомбастична заканувачка прикаска.

Објавил: Едмонд Бекири | 29 март, 2022 15:18

Ацо Кабранов: Никогаш нема да им простам на Боки и Сергеј за мутираните јавувања

Фото/Текст извор: ©либертас.мк

Ацо Кабранов, поранешниот главен и одговорен уредник на 1ТВ, на која воедно сопственик беше Боки 13 првоосомничениот во случајот Рекет, во својата нова колумна на Либертас, истакна дека некој му се јавувал со мутиран глас.

-Вчерашната изјава на адвокатот на Боки 13 која порталите заради атрактивноста, претпоставувам бомбастично ја пренесоа, а богами и ВМРО ДПМНЕ дури и прес конференција одржа, да бидам искрен ич не ме возбуди или трогна, едноставно ми беше смешно и само ме потсети на мутираното АЛО АЛО на кое бев жртва цела една година од истите што сега кукаат дека некој ќе им ја симнел главата.

Од сопствено искуство можам да претпоставам кој е инспираторот за вчерашната бомбастична заканувачка прикаска.

Да бидам искрен, да не беше сведочењето на Орце Камчев во кое ја раскажа епизодата со мутирано АЛО АЛО на мојот телефон, според кое тој бил сведок на такви сеанси за забава на кои Боки и Сергеј ми се јавувале едноставно да си пополнат време и да ме вознемируваат, напати и со морбидни приказни во кои не беше поштеден и мојот покоен син.

Искрено подолго време бев повеќе од вознемирен и дури сега сфатив колку сум бил наивен кога заедно со Бојан пријавивме кај министерот Спасовски и во одделот за сајбер криминал дека сме жртви на сајбер криминал од странци, поточно истражители од некакво Канадско биро за истрага како што се преставуваа.

Пријавив и во банката бидејки во тие јавувања мутираниот глас ми ги издиктира личните генералии, адреса на живеење па дури и матичниот број и бројот на трансакциската сметка.

И да не гњавам, тоа траеше речиси до лишувањето на Боки од слобода и јас бев во заблуда дека навистина јас и тој сме жртви на одвратно малтретирање, а ни на крај памет не ми беше дека главниот играч или, ако сакате, инспиратор, за жал бил токму Боки, момчето кое јас искрено го почитував, без разлика на сите предрасуди што во јавноста се вртеа околу него.

Да знаев порано кои биле вистинските телефонисти-мутанти можеби и јас ќе најдев некој адвокат, тој ќе најдеше заинтересирана партија и ете ти топ прикаска за забава на народот, особено во предизборие.

П.С. Нека ми прости Боки, адвокатот негов не оти тој е платен да употреби се за да го одбрани тој кој што го плаќа, ич не се ситам на се што му се случува, но сепак изборот бил негов. А за мутираните АЛО АЛО јавувања никогаш, ама никогаш нема да им простам него и на Сергеј, тие најдобро знаат зошто.

Така што, вчерашното запомагање на адвокатот и партискиот прес се само евтина приказна во режија на Боки слична како онаа дека, не дај боже, има рак. Сепак јавноста се забавува ама тврдам, на вакви итроштини тешко дека ќе поверува.

Ацо Кабранов (29 јуни 2020г)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје. За оние кои топлинска енергија добиваат од Скопје-Север или го користат „железарското греење“, сметките минимално ќе се намалат.

СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ПОВИСОКИ ЗА 4,5 НАСТО

Со првиот ден на ноември цената на парното греење се зголемува за 4,51 насто. Ова се однесува...

Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

Петте станови на Груевски проценети на 1,9 милиони евра

Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски...

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски нема конфликт на интереси, велат од СДСМ.

СДСМ: Антикорупциска потврди дека нема конфликт на интерес кај Ковачевски

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски...

На иницијатива на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, и во директен контакт со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се изнајде решение на предизвикот за обезбедување чартер лет за граѓаните од регионот. Со вчерашниот лет, кој беше организиран и платен од Владата на Република Македонија, покрај тоа што во Скопје долетаа преостанатите 67 наши државјани кои побараа помош, со истиот лет, Владата на Република Македонија излезе во пресрет и обезбеди трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани.

Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република ж Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата на повеќе начини, меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија.

Владата на Република Македонија внимателно ги следи случувањата во Израел преку Министерството за надворешни работи, кое што е во редовен контакт со македонската Амбасада во Тел Авив.

Владата тврди дека ги евакуирала сите патници со „Аир Србија”

Со чартер летот организиран и платен од страна на Владата на Република Македонија,...