Аја Софија ќе биде отворена за молитви со молитвата Jумуа (голема молитва на пладне), а веќе по утринската молитва, почнаа да пристигнуваат и оние кои сакаа да ја извршат првата молитва во оваа џамија. Околу 20.000 полицајци го обезбедуваат собирот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јули, 2020 14:27

АЈА СОФИЈА ОПКОЛЕНА: 20.000 ПОЛИЦАЈЦИ ОБЕЗБЕДУВААТ НА ПРВАТА МОЛИТВА ОТКАКО СТАНА ЏАМИЈА- ПРИСТИГНА И ЕРДОГАН!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

За прв пат по 86 години, првата молитва од нејзиното преименување во џамија се одржа денес во Аја Софија, а верниците и бројните туристи пристигнаа во Истанбул од раните утрински часови, на молитвата која ќе се одржува на пладне ќе биде присутен и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Аја Софија ќе биде отворена за молитви со молитвата Jумуа (голема молитва на пладне), а веќе по утринската молитва, почнаа да пристигнуваат и оние кои сакаа да ја извршат првата молитва во оваа џамија. Околу 20.000 полицајци го обезбедуваат собирот.

На контролните пунктови, надлежните служби ја контролираат телесната температура на посетителите и дали носат маски.

Многу граѓани чекаат на 11 контролни пунктови да им се дозволи да влезат во областа каде ќе се одржува  молитва.

После дезинфекцијата, надлежните служби им доставуваат на верниците маски за еднократна употреба и престилки за молитва.

Во исто време, на граѓаните им се дава симит (леб) и чај.

Освен турскиот претседател, се очекува и претставници од други официјални претставници на повеќе партии да присуствуваат на церемонијата на отворање на џамијата. Исто така, по повод церемонијата, пристигнаа многу домашни и странски туристи.

Преземени се високи безбедносни мерки.

На 10 јули, еден турскиот суд ја поништи одлуката на поранешната влада на таа земја која додели на Аја Софија статус на музеј на 24 ноември 1934 година.

Како дел од воведените мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот, се планира молитвата да се изведува во пет зони на отворено, три за мажи и две за жени, објави турската агенција Анадолија.

Исто така, распоредени се 736 здравствени работници  на 17 локации, како и неколку десетици амбулантни возила, како и хеликоптер за брза помош.

Црквата Света Софиja или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, а денес е музеј. Објектот се наоѓа во реонот Фатих во Истанбул, Турција. Во периодот кога била изградена, односно во 4 век, до 1453 година служела како византиска катедрала на Константинопол, освен во периодот од 1204 до 1261 година, кога била претворена во римокатоличка катедрала по заземањето на градот од страна на крстоносците и основањето на Латинската Империја. Како џамија, објектот служел од 29 мај 1453 година до 1931 година, кога истата била затворена. Од 1 февруари 1935 година претставува музеј.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Кога конзервативниот судија Антонин Скалија почина во февруари 2016 година, Меконел одби да го стави на гласање номинацијата на Обама за судијата Мерик Гарланд, а неговото место во Врховниот суд остана празно до неочекуваната победа на Трамп на изборите.

ПОЧИНА СУДИЈАТА НА ВРХОВНИОТ СУД ВО САД: Трката ЗА нејзиното место започнува! ТРАМП- Изгубивме ТИТАН на правото и извонредна жена!

Судијката Рут Бадер Гинцберг, легендарна активистка за правата на жените и втората...

„Пораката е дека тие не не скршија! Остануваме тука и нашиот одговор е животот и Република Српска! “, Рече Додик во Козарска Дубица.

ДОДИК: Агресијата против Република Српска пред 25 години ја договорија Изетбеговиќ и Туѓман

Вчера во Босанска Дубица се одржа централна комеморација за 25-годишнината од одбраната...

Тој на седницата на комисијата за воена индустрија ги пофали успесите на руските производители на оружје, пренесува агенцијата ТАСС.

ПУТИН ПРОЗБОРЕ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА РУСКОТО ОРУЖЈЕ: На многу држави ова нема многу да им се допадне!

Руското оружје е пред странските модели, а според некои карактеристики е уникатно,...