Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, и води потекло од Македонија. Ајварот се припрема на традиционален начин (на отворен простор – пиперките се печат на шпорет на дрва), поради што потребна е доста напорна рачна работа. Најчесто се подготвува кон крајот на летото и во почетокот на есента. Во текот на подготовката, најпрво црвените пиперки (кои може да бидат и лути и благи) се печат, а потоа се ставаат во пластични ќеси за да набабрат, зашто на овој начин потоа полесно може да се излупат.
Потоа следува внимателното лупење, при кое треба да се отстранат семките и собирањето во мрежести вреќи во кои пиперките ја поминуваат ноќта. Следниот ден тие се сечат на ситни парчиња, мелат и пржат на тивок оган.
Треба да се забележи дека различни семејства, различно го подготвуваат својот ајвар. Така, некои во смесата додаваат мелени домати, некои моркови, а најчесто се користи модриот патлиџан како најефективен додаток на традиционалниот ајвар.
Состојки:
15 кг пиперки, 5 кг модар патлиџан, 800 мл масло, 4 лажици сол, 2 лажици шеќер, 2 лажици есенција.
Подготовка:
Измијте ги пиперките и модриот патлиџан и печете. Потоа исчистете ги и мелете ги. Истурете 800 мл масло во шерпата, загрејте и додадете пиперките и модриот патлиџан.
Додадете сол, шеќер и есенција. Мешајте постојано.
Истурете го топлиот ајвар во врели стерилизирани тегли, добро затворете и вратете ги во рерна 90 минути на 90 степени.
http://https://www.youtube.com/watch?v=F9u5KFdmljc&feature=emb_title
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.