Работиме да се изнајде решение за техничките формулации како државјанството за сите да биде македонско/граѓани на Република Северна Македонија, а сепак, Албанците и другите етнички заедници да не бидат Македонци, рече Заев

Објавил: Македонка Димкин | 10 јануари, 2019 13:32

Ајде мајката, не бил загрозен идентитетот, Заев ги пофали купените пратеници, будни биле?

Фото/Текст извор: ©влада на рм

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште се во разговори со БЕСА на Биљал Касами за изнаоѓање техничка формулација во однос на државјанството со цел обезбедување на потребните 80 пратеници за донесување на уставните амандмани.

» Беса е принципиелно поставена за ова прашање, како што се и осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, и се „први кои се за заштита на македонскиот идентитет“. Суштината на Беса е преку формулацијата на македонско /граѓанин на РСМ да не се остави впечаток дека Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите и сите други во државата ќе бидат македонски. Тоа е суштината.

Се изнаоѓаат техничките аспекти за решавање. Секако државјанството е македонско и така и ќе остане. За тоа нема дилема. Беса не бара да се смени идентитетот или слично. Будното око на осумте пратеници токму тоа го прави како и ние и останатите пратеници.

Работиме да се изнајде решение за техничките формулации како државјанството за сите да биде македонско/граѓани на Република Северна Македонија, а сепак, Албанците и другите етнички заедници да не бидат Македонци, рече Заев на прес-конференцијата по промоцијата на овластен економски оператор.
Тој додаде дека Македонците во државата не треба да се плашат дека некоја албанска партија или албански пратеник бараат да се загрози идентитетот.

» Сите се залагаме тој идентитет, што беше оспоруван, конечно да биде загарантиран. Албанците го направија тоа и на референдумот и со поддршката на Договорот од Преспа, истовремено и ние Македонците немаме намера нечие етничко чувство или припадност да го преиначиме. Тоа се човекови вредности и права, рече премиерот.

Заев повтори дека вкупната бројка на пратеници кои ќе ги поддржат уставните амандмани ќе се знае во моментот на гласањето. Очекува тоа да се види уште денеска при гласањето за првиот амандман во Собранието.

» Одговорноста на крајот е на пратениците и верувам дека ќе најдат сили да се соберат две третини односно 80 пратеници за да се изгласаат амандманите бидејќи потоа следува и гласањето во грчкиот Парламент, вели Заев и изрази уверување дека „ако бидеме креативни ќе изнајдеме решение“.
Тој рече дека не може во моментов да каже дека се обезбедени 80 пратеници, но и дека е подготвен да го презеде својот дел од одговорноста.
» Секој треба да ја преземе одговорноста за процесот. Ако нема мнозинство следува Централен одбор на СДСМ и понесување одговорност. Ставивме се на оваа карта. Во политиката, како што се носат одлуки, така се понесува и одговорност.

Немам предрасуди, дојде моментот на одговорноста. Или ќе не има 80 или ќе следува одговорност, вели премиерот Заев, и при тоа подвлекува дека сепак верува и очекува да биде обезбедено потребното мнозинство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Премиерот Зоран Заев, пред почетокот на седницата за ТВ Сител изјави дека актуелните случувања ќе бидат на дневниот ред на Централниот одбор на СДСМ.

ЖЕШКИ РАЗГОВОРИ НА БИХАЌКА: Започна седницата на Централниот одбор на СДСМ!

Централниот одбор на СДСМ ја започна 11-та седница во седиштето на партијата во Скопје. Во...

И прашањето е, што зборуваме за довербата во владеењето на правото, за случајот „Рекет“ или Евроинтеграција?

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ: “ДУИ е најцрната дамка на разнишаниот правосуден систем во Македонија”

Ова е вистината зошто криминалците од ДУИ се заштитени од правда за нивниот криминал...

Вчера по налог на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција беше приведена и притоврена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за злоупотребила службената положба и овластувањата со што се стекнала со лична користа.

ФЕТАИ: Продолжуваме со работа, СЈО е во целост посветен на борбата за правда

Обвинителката во Специјалното јавно обвинителство Фатиме Фетаи денеска изјави дека...

Во екипата беа долгогодишните новинари Ацо Кабранов, Христијан Стојчевски, Гордана Дувањак, Анета Кочишки како и познатата пеачка и актерка Тијана Дапчевиќ.

УЈП од петок ќе ги “ЧЕШЛА” фирмите кои се поврзани со Бојан Јовановски и Меѓународниот Сојуз!

Управата за јавни приходи од петок ќе ги проверува фирмите кои се поврзани со Бојан...