Уште од дамнешни времиња, Индијанците ја користеле оваа блка за лекување на крварења, рани и инфекции, а според Ајуверда и Кинеската медицина, ајдучката трева позитивно влијае врз работата на слезината, црниот дроб, бубрезите и уринарниот тракт.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јули, 2019 0:33

Ајдучка трева- делотворен лек за многу болести

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Речиси и нема човек кој не ја видел оваа магична билка која е наречена ајдучка трева. Имено токму оваа билка му помогнала на Ахил за лекување на раните на неговата војска.

Уште од дамнешни времиња, Индијанците ја користеле оваа блка за лекување на крварења, рани и инфекции, а според Ајуверда и Кинеската медицина, ајдучката трева позитивно влијае врз работата на слезината, црниот дроб, бубрезите и уринарниот тракт.

Ајдучката трева содржи хемиски состојки кои имаат влијание врз крвниот притисок, а исто така има антиинфламаторни (против воспалитени) својства.

Ајдучката трева е делотворна при многу заболувања па така се користи за намалување на температурата, добра е против настинки, нередовен менструален циклус, дијареа, проблеми со варењето на храната итн. Во комбинација со други растенија, ајдучката треба се користи при надуеност, гасови, грчеви во стомакот и останати проблеми со дигестивниот систем. Цинеолот од етеричното масло ги уништува патогените микроорганизми и се употребува како антихелминтик (против цревни паразити).

Најделотворна е кога се конзумира свежа, па поради тоа некои луѓе џвакаат свежи листови од ајдучка трева кога имаат забните болки.

Ајдучката трева го стопира крварењето, помага при хемороиди и вагинални инфекции, го забрзува зараснувањето исечениците и раните. Исто така ја зајакнува мускулатурата на матката и ја нормализира обилната и болна менструација. Третманот треба да се почне една седмица пред менструација со правење топли бањи од ајдучка трева. Горчливиот ахилеин, заедно со танините и витаминот К, ја прави билката погодна за сопирање на внатрешни и надворешни крвавења. Екстрактите од ајдучка трева се делотворни при цисти, воспаление на јајчниците и ендометриоза.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Потребно е да се изврши интервенција со матични клетки во соседна Србија, Белград потточно во „IM CLINIC“ каде за тој медицински зафат се потребни 18.600€.

АПЕЛ: Да помогнеме на Игор кој живее во Кичево повторно да застане на нозе!

Овој човек секогаш бил хуман, а сега истиот има потреба од нашата хуманост! Игор Петрески...

Ќе ви дадеме список на намирници кои го чистат организмот од никотин и ја намалуваат потребата за цигари.

МОЌНИ НАМИРНИЦИ КОИ ГО ЧИСТАТ ОРАГНИЗМОТ ОД НИКОТИН: Пробајте, ништо нема да изгубите, а резултатите веднаш се видливи

Пушењето е многу штетно по здравјето, а неговите последици можат да траат со години. Со...

Д-р Басара во Германија заминала пред 17 години и тоа без да го познава германскиот јазик но денеска е една од најпознатите докторки во Европа и е директор во болницата Malteser St. Franziskus во германскиот град Фленсбург, пишува весникот ВЕЧЕР..

Ова е српската докторка која излечила неколку илјади луѓе од рак, меѓу кои и околу 20-тина Македонци

Професорката д-р Надежда Басара, е жената за која зборува целиот свет. Таа е една од...

Имено, последните истражувања покажале дека SIBO бактеријата ја имаат до 15 отсто од популацијата, а дел од нив мислат дека се здрави. Таа ја забавува работата на стомакот и цревата и расте во нив.

Надуен стомак, болки и гасови – можно е да ја имате оваа опасна бактерија без да сте свесни за тоа

Ако ви е сотмакот постојано надуен, имате гасови и проблеми, болки и тегоби, тогаш можно...