На ваков начин болницата докажува дека грижата е приоритет во кое било време. Клиниката „Аџибадем Систина“ е единствена приватна болница која хоспитализира деца со здравствени проблеми од сите специјалности и во вакви услови.

Објавил: Перо Милчин | 18 јануари, 2021 19:56

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ ЗА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЦА: МОЖНОСТ СИТЕ ДЕЦА ДА ДОБИЈАТ ВРВНА ГРИЖА И ВО ПАНДЕМИСКИ УСЛОВИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги намали за 20 проценти во просек цените на хоспиталните услуги во новата педијатриска болница, најсовремена во регионот. Новите цени кои се со важење од почетокот на месецов се во насока и со желба болницата да биде подостапна за сите пациенти во услови на пандемијата на коронавирусот кога болничките капацитети и лекувањето воопшто се со ограничени можности.

На ваков начин болницата докажува дека грижата е приоритет во кое било време. Клиниката „Аџибадем Систина“ е единствена приватна болница која хоспитализира деца со здравствени проблеми од сите специјалности и во вакви услови.

„Со намалувањето на цените сакаме да бидеме подостапни во пружањето здравствени услуги за деца во услови на пандемија. Станува збор поевтинување на хоспитализации, со оглед на тоа што сме единствена приватна болница која хоспитализира деца со здравствени проблеми. Новите цени се однесуваат  самo на хоспиталниот дел во педијатрија  и со ова сакаме да придонесеме за граѓаните и за нивните деца кои мора да добијат соодветна грижа и во вакви специфични услови“, вели д-р Душко Фидановски, специјалист педијатар.

Цените во новите пакети се однесуваат за деца и за родител кои се хоспитализираат заедно. Дополнително, останува попустот од 10 отсто за  деца кои се родени во болницата.

Грижата во болницата е на ниво како од најсовремените модерни клиники во светот. Во услови на пандемија се почитуваат највисоки безбедносни стандарди, а со оглед на тоа што се хоспитализираат деца кои имаат други здравствени проблеми, прво задолжително се прави и ПЦР-тест за присуство на коронавирусот.

Д-р Фидановски вели дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага и со неонатален транспортен центар кој може да се користи за транспорт и до други болници или ако е потребно до клиники во земји од регионот. Дополнително, сега може да се врши транспорт и на поголеми деца, не само на новородени.

pedijatrija

Новата Педијатриска болница на Аџибадем Систина е единствена од ваков тип во регионот. Распространета на површина од 4.000 квадратни метри, таа содржи и педијатриски ургентен центар, педијатриска кардиохирургија со интензивна нега и интервентна педијатриска кардиологија, дневна болница, центар за рано откривање и третман на деца со сите форми на развојно доцнење. Во болницата се вклучени 210 врвни професионалци.

Медицинскиот тим го сочинуваат и 80 медицински сестри, 36 болничари и друг дополнителен помошен персонал. Педијатриската болница по бројот на персонал,  услугите и третманот кои ги нуди за децата, заедно со врвниот кадар од реномирани доктори, како и најнапредната технологија и апаратура со која е опремена го има приматот на единствена и најсовремена педијатриска болница од ваков тип во земјата и регионот.

Во склоп на Педијатриската болница, функционира и педијатриски стационар со 15 болнички еднокреветни соби, од кои две ВИП-соби и една собa за изолација со негативен притисок.

Неонаталниот стационар, пак, располага со 27 неонатални кревети по принципот мајка-дете (rooming in), а одделот за Неонатална интензивна (НИН) нега наменет за третман на критични болни новородени родени во нашата или во други болници, нуди можност за интензивен третман со примена на сите режими на инвазивна, неинвазивна и високофреквентна механичка вентилација, располага со 13 интензивни места, од кои две со можност за изолација на пациентот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Кокцигеалниот сегмент е составен од крстната коска која е формирана со спојување на 3 до 5 мали прешлени. Најчесто крстната коска е составена со спојување од 4 мали прешлени, но кај некои луѓе можно е таа да биде составена од 3 или 5 мали прешлени, што не влијае на нејзината функција.

ЗДРАВЈЕ: Структура и функција на здравиот ’рбет

Рбетот претставува комплексна структура која овозможува стабилност и мобилност на...

75 % од жените кои имаат карцином на дојка немаат семејна историја за оваа болест. Фактот што се „жени“ е доволна причина да го носат ризикот од карцином на дојка.

10 ризик фактори за карцином на дојка

10  ризик фактори за карцином на дојка. Пол: Карциномот на дојка најчесто се јавува...

Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана.

НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ОД ЖОЛТА ФАЗА ВО ЦЕЛА ДРЖАВА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СО ПРЕПОРАКИ ДО НАСЕЛЕНИЕТО

Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за...

-Постојат неколку типа на ХПВ вакцини, двовалентна, четиривалентна и деветовалентна. Секундарна превенција претставува скрининг за цервикален карцином. Скринингот се спроведува со правење на ПАП тест и/или ХПВ типизација, во зависност од скрининг програмата и политиката на земјата во која се изведува.

ПРИМАРНА ПРЕВЕНЦИЈА НА РАКОТ НА ГРЛО НА МАТКА Е ВАКЦИНАЦИЈАТА СО ХПВ ВАКЦИНА – ЈАНУАРИ ПОСВЕТЕН НА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА

Доктор Горан Димитров, претседател на Македонското здружение за цервикална патологија...