Во скопската населба Ново Лисиче, синоќа тешка сообраќајна несреќа во која повредени се баба, дедо и внуче, по што граѓаните гневот го истурија врз градоначалникот Златко Марин

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 9:42

Баба, дедо и внуче прегазени на пешачки во Скопје

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Тешка сообраќајка се случи синоќа на булевар Србија во населбата Ново Лисиче во Скопје.

Пикап со велешки таблички удрил во баба, дедо и тригодишно дете кои оделе пешки, пишуваат жителите на оваа скопската населба на социјалните мрежи.

По несреќата бабата и детето веднаш се пренесени во Ургентниот центар.

Жителите на скопски Аеродром пишуваат пораки на фејсбук профилот на градоначалникот Златко Марин.

“Господине Марин, пред 10-тина минути, на булевар Србија, на пешачкиот премин пред полициската станица, беа “собрани”, со брзината на светлината, баба, дедо и нивното внуче.

Детето го вадевме од под автомобилот. Бабата повредена, ја реанимираа на лице место. Детето го однесоа со брза помош веднаш после бабата.

Дедото, во бесознание, со тупаници, се удираше по главата и лелекаше. Ве молам, заземете се веднаш, да поставите семафори на тој пешачки премин. Растојанието, од едните до другите семафори, е големо. Да се премине пешачкиот премин на тоа место, е еднакво на добивка 7-ца на Лото.

Многу деца, одат на училиште од другата страна на булеварот, кон Аеродром, и обратно. Се надевам, дека сериозно ќе го разгледате овој предлог, и ќе го ставите на листата со приоритети. Благодарам – пишуваат жителите.”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Апликацијата „Мој Воздух“ завчера покажа дека најголемо присуство на ПМ 10 честички има во населбата Ново Лисиче и кај Ректорат.

АЛАРМАНТНА СИТУАЦИЈА-МАКЕДОНИЈА СЕ ГУШИ: Ова се најзагадените градови

Воздухот во нашата земја и денеска е загаден, а според мерењата на прво место се наоѓа...

Благодарение на политиките на Владата предводена од СДСМ и програмата за едно општество за сите, денес сите заедно живееме и функционираме.

АНГЕЛОВ: СДСМ го отвори патот кон иднината, благодарение на нив сите заедно живееме и функционираме

„Нема поголем патриотизам и почит кон државата од она што се направи во изминатите...

Моменталната проценка води дека гледаме можност за Македонија да започне преговори со ЕУ, а таква можност не гледаме за Албанија.

ЖЕЖОК ШАМАР ЗА АЛБАНИЈА ОД ХОЛАНДИЈА: Македонија може да започне преговори со ЕУ, Албанија НЕ

Амбасадорот на Холандија во Скопје, Дирк Јан Коп изјави дека неговата земја моментално...