Качамак или бакрданик е вид на традиционално јадење кое обично се прави од пченкарно брашно.
Ова јадење спаѓа во традиционалните јадења во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, и Турција.
Во качамакот може да се додаваат разни прилози како што се: сирење, пржена свинска маст, пржена сланина, џимиринки, кисело млеко, слатко млеко, шеќер и кајмак. Ова е вкусен бакрданик подготвен на Македонски начин.
– За бакрдан:
1/2 кг пченкарно брашно
1 л. вода
1 лажица сол (по вкус)
– За месото:
400 гр свинско месо
масло
вегета
Приготвување :
1. Во тенџере со нелепливо дно ставаме водата и солта да зовриат. Потоа одкако водата ќе зоврие, го намалуваме шпоретот на најниска температура (како за готвење на пареа) и на сред го истураме брашното (важно е тоа да се наталожи на едно место на куп, наместо на сите страни. Најдобро би било да го ставите во сад, па од сад наеднаш да истурете на сред). Со дрвено сукало на сред од наталоженото брашно во водата правиме дупка. Оставаме да се вари на ниска температура 1 час без промешување.
2. Потоа, по 1 час го тргаме од огнот, поголем дел од водата веке ќе е извирена и смесата ќе е згустена, па со дрвено сукало или дрвена лажица со кружни движења го разбркуваме качамакот.
3. Во мегувреме, месото го сецкаме на ситни коцки и во сад ги ставаме маслото (малку повеќе од вообичаено) и месото да се запржат. Ги додаваме зачините и пржиме додека месото да се зарумени и добро спрже. Го тргаме од оган и го вадиме месото во чинија, а маслото го оставаме во тенџерето. Земаме обична лажица и ја потопуваме во маслото, и со неа црпиме од добро промешаниот бакардан и ставаме во чинија. Ја повторуваме постапката се додека има бакардан.
Одозгора го додаваме месото. Сервираме со сува пиперка и чаша јогурт или кисело млеко.
За време на пости истото може да се направи со тоа што место месо, пржиме соја, (околу 100-200 гр) со таа разлика што пред пржење ја ставаме сојата да се свари пет минути за да омекне.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.