Уште едно дете заразено со бактеријата МРСА

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 март, 2019 15:03

Бактеријата „МРСА“ зема замав- заразено уште едно дете

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Уште едно дете заразено со бактеријата МРСА. Случајот бил пријавен утринава од родителите на детето кое е ученик во основно училиште “Панајотот Гиновски” во Бутел, објави АЛСАТМ.

МРСА е посебен вид на бактерија од групата стафилокока

Тимот на Државниот санитарен инспекторат пристигна во училиштето за да изврши проверка на деца за кои постои сомневање дека се заразени од бактеријата МРСА.

Инаку ова е трет случај, во рок од неколку дена. Први случаи со бактеријата беа регистриани во градинката “Снежана” во Чаир. Здравствените власти велат дека во последниот период оваа бактерија станува се поприсутна, додека експертите велат дека тоа не е смртоносно и може успешно да се третира. Според експертите бактеријата МРСА може да доведе до компликации само ако лицето е со нарушен имунитет. Оваа бактерија, бара посебен третман, заради тоа што нејзината вирулетност е голема и бара изолација.

Жарко Караџовски, епидемиологот од Институтот за јавно здравје вчера изјави дека:

Инфекцијата на кожа може да создаде нејзино воспаление и да се појават таканаречени чирчиња кои потешко се лекуваат и бараат подолготраен третман. Опасно би било да се добие МРСА кај штотуку родени бебиња заради фактот дека имаат многу чувствителна кожа и ако имаат кожни промени може да дојде до тешко воспаление на кожата. Оваа бактерија ако ја има во грлото и носот во голема количина може да направи бронхит и воспаление на белите дробови кои тешко се лекуваат, рече емидемиологот Караџовски. 

Лицата погодени од оваа бактерија треба да останат изолирани, додека нивниот третман трае од 7 до 10 дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Доктор Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство, денеска информираше за актуелната состојба со морбили во државата.

Нема крај на морбилите- регистрирани 105 нови случаи

Се уште не стивнува епидемијата од морбили. И натаму голем број на новозаболени. Доктор...

За Фокус открива дека понекогаш се случува да не може да најде лек за својата болест во ниту една аптека.

Животот го минувам борејќи се, поминувам во 24 аптеки за да најдам лек- искрена исповед на младиот Ангел

Младиот Ангел Димитриевски кој боледува од епилепсија за Фокус  раскажува за својата...

Веста за смртта на бебето ја споделил таткото на социјалната мрежа Фејсбук и упати критика до скопската гинекологија.

Почина бебе на Клиники, таткото гневен – цевки и апарати на сите страни демек така било пишано

Уште една трагедија ја потресе земјава, почина бебенце пред два дена на скопските клиники....