Култура
Балет
Во вторник, 26 март 2019 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведено балетското ремек дело „Рајмонда“ од Александар Глазунов.
„Рајмонда“ е балет во два чина. Светската премиера е одржана во Маринскиот театар во Санкт Петербург, во јануари, 1898 година. Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија која го обележува времето на Романтизмот. Во драмите (приказните) на овој уметнички правец доминираат темите за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството и честа.
„Рајмонда“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат првенците: Марија Кичевска Шокаровска и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Абдурахман, ќе настапи гостинот од Италија, Давиде Буфоне. Улогата, Бела Дама ќе ја толкува Наташа Јосифовска. Настапуваат истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ. Диригент е гостинот од Русија, Едуард Амбарцумјан.
„Рајмонда“ е претстава со прекрасни костими и спектакуларна сценографија, изработени од атељето на МОБ, под менторство на гостите од Украина, Гана Ипатиева и Андреј Злобин.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Култура
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.