Култура
Балет
Вечерва од 21 часот, во МОБ, во рамките на фестивалот „Скопско лето 2018“, ќе се одржи премиера на современиот балетски перформанс „Метаморфоза“.
Концепт и кореографијата ги направи Ивана Коцевска, а музиката е на Филип Глас и на Иван Пенов. Клавир ќе свири Дино Имери. Костимографијата ја изработи Милена Атанасова.
Како танчари ќе настапат: Илијана Данаилов, Христина Наќевска, Ангела Велевска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Медина Јусуфович, Виолета Карајанова, Мартина Димовска, Исидора Краљевска, Мирослав Митрашиновиќ, Ендру Кук, Бојан Мицев, Ивана Коцевска, Теодора Ежовска. Настанот е во продукција на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Балет
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.