Предлогот улица во селото Јабука кај Панчево, во која живеат голем број Македонци, да го носи името на починатиот македонски пејач, упатен е до Градското собрание на Панчево. Со овој чин, жителите на селото Јабука, каде живееат најмногу Македонци во Србија, сакаат да му оддадат почит на нивниот познат сонародник.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 ноември, 2019 15:50

Балканот не го заборава: Улица во Србија ќе го носи името на Тоше Проески

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Еден од најдобрите пејачи од пост-југословенскиот простор, Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа во 2007 година, ќе добие улица во селото Јабука во близина на Панчево, јави дописникот на МИА од Белград.

Предлогот улица во селото Јабука кај Панчево, во која живеат голем број Македонци, да го носи името на починатиот македонски пејач, упатен е до Градското собрание на Панчево. Со овој чин, жителите на селото Јабука, каде живееат најмногу Македонци во Србија, сакаат да му оддадат почит на нивниот познат сонародник.

Целиот Балканот се сеќава на Тоше Проески кој пред 12  пред години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Ова ќе биде прва улица во Србија која ќе го носи името на пејачот од Крушево, кој и ден денес има голем број на обожаватели и чии песни многу често се емитуваат на радио-телевизијските станици во Србија.

Тоше Проески почина пред 12 години во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

Инаку и во Босна и Херцеговина, поточно во Сараево има парк посветен на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески.

Селото во Босна е наречено Рај во рајот или еко село кое е отворено на осумдесетина километри од Сараево во Босна и Херцеговина, а е посветено на македонската легенда Тоше Проески.

Она што е интересно и примамливо за туристите кои го посетуваат ова место е тоа што на таблите кои водат низ еко-селото стојат испишани стихови од прерано починатата македонска поп-ѕвезда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска наполни 50 години.

Шекеринска не ги крие годините, напротив, вели дека се прекрасен подарок, а најмалку од се само бројка.

Радмила Шекеринска наполни 50 години

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска наполни 50 години. Шекеринска...

Целата историја на Европа е поврзана со Македонија, затоа Европа ја подели Македонија во 1913...

Черчил за нашата држава: Целата историја на Европа е поврзана со Македонија, затоа сите ја негираат

Винстон Черчил е еден од поважните политичари на 20 век. Најпознат е по неговата улога...