Токму ова поради влијанието на студениот воздух од север кој ќе се спушти на Балканскиот Полуостров и ќе услови невообичаено ниски температури на воздухот!

Објавил: Стојче Бушин | 9 октомври, 2020 8:29

БАЛКАНОТ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ ПОГОДЕН ОД СТУДЕН БРАН КОЈ ЌЕ ГО ДОНЕСЕ ПРВИОТ СЕРИОЗЕН СНЕГ

Фото/Текст извор: ©Метео Аларм/Магазин.мк

Планинските места од Балканот, односно од Словенија, Хрватска и Босна во текот на следната недела ќе бидат покриени со првиот сериозен снег за оваа сезона.

Токму ова поради влијанието на студениот воздух од север кој ќе се спушти на Балканскиот Полуостров и ќе услови невообичаено ниски температури на воздухот.

Студениот бран ќе започне да го зафаќа Балканот уште од недела попладне и навечер а најитензивни снежни врнежи на планинските места во регионот се очекува во вторник.

Со оваа промена во најголем дел од Балканот ќе започне и грејната сезона која официјално започнува на 15ти октомври

Промената на времето ќе се почувствува и кај нас но детални информации околу ова следуваат понатаму.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени!

ПРОДОЛЖУВА ТОПЛОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ – ОД СРЕДА ПОПЛАДНЕ УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНА НЕСТАБИЛНОСТ

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе...

Повремено ќе има нешто повеќе облачност а особено во сабота ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

СТАБИЛНО И ТОПЛО ВРЕМЕ – ЗА ВИКЕНДОТ СЕВЕРЕН ВЕТЕР И МАЛ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ

Денес, како и во следните денови продолжува периодот на претежно стабилно, суво и сончево...