Концерт на „Танец“ вечерва во Охрид

Објавил: admin@magazin | 4 јули, 2018 8:17

Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Со дефиле на учесниците низ централното градско подрачје и целовечерен концерт на Националниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“, вечер во Охрид ќе биде отворено годинешното 57. издание на Бaлканскиот фестивал на народни песни и игри.

На фестивалската сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ во текот на четиите фестиваски дена ќе настапат повеќе културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.

Во рамки на Балканскиот фестивал во изложбениот центар на Центарот за култура ќе биде отворена и изложба на влашки народни носии од колекцијата на доц. м-р Ванѓа Димитријева – Кузманоска.

Фестивалот традиционално се одржува под покровителство на Собранието, со поддршка на Министерството за култура. Влезот за сите фестивалски содржини е слободен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Имено, Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври во 13:00 часот ќе одржи бесплатен концерт, кој е во организација на Град Охрид и е од отворен тип.

Бесплатен концерт на Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври

Светски познатиот џез, фанк и соул изведувач Владимир Четкар, подготвува извонреден...