Калиумот којшто го има во изобилство во бананите го спречува задржувањето на течности во телото, што е својствено за ПМС (предменструален синдром).

Објавил: Сара Фемина | 17 јануари, 2020 23:22

Банана, мед и вода против упорна кашлица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бананата е овошје кое од ботаничко гледиште претставува бобинка. Таа е плод на неколку големи зелјести, скриеносемени, монокотиледони растенија од родот Musa. Во некои земји, бананите се користат за варење, и тогаш се нарекуваат плантани.

Ова овошје варира според величина, боја и цврстина, обично е издолжено и свиткано, со мек плод, богат со скроб и покриен со лушпа која може да биде зелена, жолта, црвена, пурпурна или кафена кај зрелите плодови.

Плодовите растат во групи кои висат од врвот на растението. Скоро сите модерни, јадливи банани се партенокарпени (безсемени) банани кои потекнуваат од два диви вида – Musa acuminata и Musa balbisiana.

Бананата е најголемото зелјесто цветно растение. Личи на дрво, но тоа што би се нарекло стебло е, всушност, квазистебло и претставува оска опфатена со дршките на листовите што излегуваат од еден краток ризом поставен во основата. Всушност, тука се работи за монокотиледонска “голема трева”, а не за дикотиледоно дрво. Култивираните банани варираат во однос на висината, што зависи од видот и условите на одгледувањето. Бананите растат на различни типови на почва, потребно е само земјиштето да биде длабоко барем 60 сантиметри, да има добра дренажа и да е растресито.

Научните имиња на најчесто одгледуваните видови се: Musa acuminatа, Musa balbisiana и нивниот хибрид Musa × paradisiaca, што зависи од нивната геномска конституција. Постарото научно име, Musa sapientum, повеќе не е во употреба.

Вкусна, здрава и многу хранлива, благотворно делува и врз желудникот.

Состојки:

2 средно зрели банани
2 лажици шеќер или мед (ако користите мед, треба да го додадете кога смесата малку ќе се олади затоа што медот ги губи своите својства на високи температури.
400 мл зовриена вода
Приготвување:
Излупете ги бананите и згмечете ги со вилушка.
Додадете шеќер и добро измешајте.
Прелијте со зоврена вода, поклопете и оставете да отстои 30 минути.
Ако користите мед, го додавате на крајот кога смесата ќе се олади.

Употреба:

Секогаш загрејте ја смесата пред употреба.
Користете 4 пати дневно по 100мл.

Сојузник против акни

Испасираната банана, но и самата внатрешност на лушпата, можат да делуваат како природен антибиотик, а се борат и со воспаленијата.
За да ги искористите бананите во борбата против акните, навечер, откако ќе ја исчистите кожата на лицето, нежно протријте ги акните со внатрешноста на лушпа од банана. Измијте го лицето со млака вода следното утро.

Лек за подуеноста предизвикана од ПМС

Калиумот којшто го има во изобилство во бананите го спречува задржувањето на течности во телото, што е својствено за ПМС (предменструален синдром).
Дополнително, бананата ќе ви даде енергија и ќе ве држи сити подолго време, па ќе заборавите на желбата да се „полните“ со нездрава храна.

Намалено чешање при убод од комарец

Не ја фрлајте лушпата од бананата во лето, бидејќи може да ви го намали иритирачкото чешање предизвикано од убод од комарец.
Едноставно протријте го местото на убодот со внатрешноста на лушпа од банана. Така ќе го намалите зацрвенувањето, но и ќе исчезне потребата за чешање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Освен што се препорачува во многу диети, сега јаболкото има и друга намена, односно помага во будењето па едноставнозаменете го кафето со едно јаболко наутро.

Овошје кое треба да го јадете наутро- ќе ве разбуди подобро од кафе!

Речиси секој од нас верува во тоа дека првото утринско кафе е пресудно за да се расоните,...

Продуцентот Рик Бос сака да направи документарец насловен „2Pac: The Great Escape From UMC“, кој ќе биде објавен според судбината на раперот Тупац Шакур додека го напушта Лас Вегас во Ново Мексико.

Истражување на познатата теорија на заговор: Се снима филм за лажната смрт на Тупак Шакур

Уште поголемо сомневање за неговата смрт настана откако поранешниот телохранител...