Преубав мирис и вкус од баница со сирење.

Објавил: Едмонд Бекири | 29 септември, 2023 7:11

Баница со сирење

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Нема поубав мирис на тазе печена баница кој доаѓа од кујната.

Баницата е дел од Македонското традиционално јадење. Баница со сирење е одличен предлог за да се зготви во овие зимски денови. Вкусна е и неодолива.

Вкусна баница со сирење која е традиција во Македонската кујна.

Состојки:

Брашно – околу 1 килограм- по потреба
Вода – 500мл (млака)
Квасец – 1/2 коцка
Масло за јадење – 200 мл
сол – 1 супена лажичка
шеќер – 1/2 супена лажичка
Сирење – 500 грама

Инструкции:

Се зема еден подлабок сад и во него се става околу еден килограм брашно, се прави како дупка во средината на брашното и се става 1 лажиче сол, 1/2 лажиче шеќер, се додава 100 мл масло за јадење, квасецот и потоа до малце се става од млаката вода. Како што се додава водата така постојано се меси. Треба да се добие меко тесто. По потреба се додава уште брашно.

Тестото се дели на 7 еднакви делови кои се замесуваат како топчиња, се полеваат од озгора со малце масло за јадење и се оставаат да отстојат околу 15-20 минути.
Од кога ќе отстојат од топчињата се тегнат кори, колку што е можно потенки. Краевите се сечат со нож, а секоја кора се попрскува со масло за јадење и се става сирење по желба. Од секоја кора се прави како ролат и се става во веќе намрсена тепсија. Истата постапка е за сите кори.
Од кога ќе се направат корите се попрскува целата баница уште еднаш со масло за јадење и се става во загреана рерна на 180 степени. Се пече околу 25 минути, а баницата е готова кога корите од озгора и одоздола ќе бидат вцрвенети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.