На почетокот на Централниот комитет, Мицкоски предложил организирање вонреден конгрес за гласање доверба за него како претседател на ВМРО - ДПМНЕ, што било едногласно одбиено

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 6:21

Барањето на Мицкоски да му се гласа недоверба, едногласно одбиено

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, на синоќешната седница на Централниот комитет (ЦК) предложил да се организира и вонреден конгрес за да се гласа доверба во него како претседател на партијата. меѓутоа неговите сопартијци одбиле.

На иницијатива на Христијан Мицкоски, Централниот комитет разгледа предлог, кој тој лично го даде, за одржување на вонреден конгрес со цел разгледување на потребата за гласање на доверба на претседателот на партијата. Централниот комитет по дискусијата, на која не присуствуваше тој, едногласно одлучи да го одбие овој предлог и смета дека нема потреба од вонреден конгрес и оти претседателот ја има целосната поддршка. – изјави Николовски.

Најавувајќи ги исклучувањата од партијата тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ има силен механизам кој успева да ја прочисти партијата, да го исчисти она што е лошо и да се врати на идеалите и корените на партијата.

Вечерва имавме седница на длабока анализа, на внатрешно расчистување и продлабочување. Од денес ништи нема да е исто. ВМРО – ДПМНЕ завршува со хипотеките од минатото, доживува своја катарза и продолжува напред силно и реформирано. – изјави Николовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести