
Мода
Топ Модел
25-годишната убавица Барбара Палвин, е најновиот ангел во редовите Викторија Сикрет.Таа всушност влегува како замена на Адриjана Лима, која на ревја за овој бренд последен пат се појави минатата година во ноември.

Инаку Барбара е од Унгарија и веќе во неколку наврати настапуваше за модните ревии на Викторија Сикрет, рамо до рамо со Тејлор Хил, Кендис Свонпул, Алесандра Амбросио и останатите убавици, таа за прв пат во редовите на Викторија Сикрет настапила на ревија во 2012 година.
Иако не е лесно да го замени еден од најплатените модели на оваа модна куќа, сепак и унгарската убавица Барбара има свои адути а позната е по нејзините прекрасни сини очи и женственото тело.
Таа моментно таа има 11 милиони следбеници на својот Инстаграм профил каде и ја објавила убавата вест. Барбара со оваа професија започнала да се занимава на неполни 13 години. Поради својата специфична убавина таа започнала брзо да напредува. Овој модел има чекорено на модните ревии на големите луксузни куќи како Шанел, Миу Миу, Луј Витон. Барбара со својот лик се појавила и на неколку насловни страници и едиторијали за славните списанија, а била дел и од актерската екипа во епскиот спектакл Херкулес. Но нејзина отскочна даска била ревијата на Прада, по која таа станала заштитно лице на L’Oreal Paris.

Барбара не само што е убава, туку и знае да готви па така го поседува сето она што би посакал еден маж.
„Голем фан сум на готвењето и кога имам време се обидувам да направам некој специјалитет дома од интернационалната кујна“, вели Барбара.
Моделот обожава да се дружи со пријателките но и со семејството. Во нејзиниот режим за топ форма спаѓаат здрава храна, протеинска исхрана и интензивно вежбање.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.