Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша се обрати пред своите приврзаници и изјави дека бара ослободување на притворените од вчерашниот протест и, им порача дека „му се бројат деновите на криминалната хунта на Еди Рама.

Објавил: Весна Петровска | 13 мај, 2019 17:43

Баша упати порака: Му се бројат часовите на „балканскиот Мадуро“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Жестоко на улиците во Тирана , опозицијата и нивните приврзаници и денеска излегоа на протест.

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша се обрати пред своите приврзаници и изјави дека бара ослободување на притворените од вчерашниот протест и, им порача дека „му се бројат деновите на криминалната хунта на Еди Рама.

Исто така тој додаде дека опозицијата синоќа одржала мирен протест и оти целта на политичката битка која ја продолжува не е да добие власт, туку Албанците и Албанија да ги ослободи од актуелната кримнална власт, која „утре ќе го добие заслужениот одговор”.

„Сценариото со насилство синоќа со криминалци облечени во униформа во толпата мирни демонстранти беше во служба на Еди Рама – „балканскиот Мадуро”, единствениот човек кој е заинтересиран за насилство и утревечер ќе добие целосен одговор од обединетите Албанци. Апсењето на Долапи (органзациски секретар на демократите) е мафијашка порака за заплашување на Албанците, но одговор ќе добијат утре. Ниту еден од нашите ќерки и синови нема да остане во канџите на заробените институции кои делуваат според политички наредби. Ние ќе ги ослободиме. Часовите на криминалната хунта и на „балканскиот Мадуро” им се избројани“, порача Баша.

Тој соопшти дека и утрешниот петти по ред „национален протест” ќе се одржи пред Владата и упати апел за поголема масовност.

„Албанскот народ не запира. Битката ќе продолжи секојдневно се посилно на секоја улица, секоја ноќ. Ве повикувам сите да се приклучите кон протестите. Ова е битка не е само квантитативна, туку и квалитативна. Ние сме мнозинство на вредности. Утре во 18,30 часот сите заедно за да ја урнеме хунатата“, изјави Баша.

Инаку од албанското МНР вчера било соопштено дека во протестите биле 16 полициски службеници се повредени,а 50 лица завршиле во притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.