Албанците се дигнаа во национална битка за Албанија, како и цела Европа.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јуни, 2019 14:42

БАША: 30 јуни ќе биде политички погреб на Еди Рама, другарот на кланот Авдулај и криминалните банди!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, на социјалните мрежи порача дека 30 јуни ќе биде денот на политички погреб на премиерот Еди Рама.

Баша преку Фејсбук статус порача дека Албанците се дигнаа во национална битка за Албанија, како и цела Европа. 

– 30 јуни ќе биде политички погреб на Еди Рама, другарот на кланот Авдулај и криминалните банди. Албанците се дигнаа во национална битка за Албанија, како и цела Европа. Сега е време за Албанија на сите Албанци! Ниту чекор назад, напиша Баша на социјалните мрежи.

За 30 јуни во Албанија се закажани локалните избори, кои опозицијата ги бојкотира. Албанскиот претседател Илир Мета ги одложи изборите, но владејачката коалиција не ја признава оваа одлука.

Баша во 2011 се кандидирал за градоначалник на Тирана како кандидат на владејачката ДПА, и остварил тесна победа од само 81 глас врз лидерот на опозициската Социјалистичка партија на Албанија и тогашен градоначалник Еди Рама.

Во јануари 2005 Баша се зачленил во Демократска партија на Албанија, а во мај истата година станал член на претседателството на таа партија. Партијата извојувала две последователни победи на парламентарните избори во 2005 и 2009, а Баша бил министер во повеќе ресори во владата на премиерот Сали Бериша. Баша бил министер за транспорт и врски во 2005–2007, министер за надворешни работи 2007–2009, како и министер за внатрешни работи во периодот 2009–2011.

По поразот на Демократската партија на парламентарните избори во 2013, Бериша поднел оставка од челното место во партијата. Баша бил избран за нов предводник на партијата на 23 јули 2013 како единствен кандидат на внатрепартиските избори.

На 18 февруари 2017 година, Баша како водач на опозицијата започнал протест против владата на Рама, обвинувајќи високи државни функционери за корупција и вмешаност во трговија со дрога.

Баша одбил да учествува на парламентарните избори во јуни истата година поради сомнение дека е можна изборна измама.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести