Владата стоеше комплетно на располагање да помогне да се реши проблемот, додека не се најде трајно решение.

Објавил: Перо Милчин | 20 јули, 2019 8:53

БАШ ИМ Е ГАЈЛЕ: 13 дена гори депонијата кај Буково, никој не реагира!

Фото/Текст извор: ©скопје1

13ти ден чади депонијата во Буково. Чадот зависно од правецот на ветерот се чувствува и во Охрид и тоа во ек на туристичката сезона, пишува Скопје1.

Во околните села е неиздржливо. Но, тоа се само села, нели, кому му е гајле што луѓето кои живеат таму се гушат во ужасен чад, полн со токсични супстанции? Никој не известува како се чувствуваат и што сè низ годиниве претрпеле луѓето поради депонијава Буково.

Не се фактор. Но со една заедничка групна тужба ќе станат. Како и жителите на селата во близина на Дрисла, напишаа на својот фејсбук профил O2 Иницијатива.

Над 700 камиони земја се истурени, периодов имаше силни врнежи, но депонијата и понатаму чади и општината не може да се справи со проблемот.
Иако фирмата на советникот на ДУИ Нефи Усеини е задолжена за одржување на депонијата Буково, санирање и покривање со земја на депонијата, ангажирана е и друга помош, зошто механизацијата на Нефи ИК не била доволна.
Се склучуваат договори со пари на граѓаните, со фирми кои не се способни да ја извршат работата за која се ангажирани, се формираат чуварски служби за 24ч надзор над депонијата кои не можат да вршат надзор ноќе поради страв од глутница кучиња. Ништо не функционира, ама пари се одлеваат. Пари од граѓаните.

Пред две години ова време чадеше депонијата во Струга и премиерот Zoran Zaev во име на Владата ги понуди сите механизми и капацитети да ѝ помогне на општина Струга во решавање на проблемот. Понуди и финансиски да го помогнат набљудувањето на депонијата со камери, како и да финансираат 24 часовно обезбедување.

Владата стоеше комплетно на располагање да помогне да се реши проблемот, додека не се најде трајно решение.
Влада на Република Северна Македонија нека го направи истото со Буково сега. Општината очигледно не е во можност да се справи со запалената депонија веќе две недели. И под итно да се утврди нова локација за регионалната депонија. Време нема, препораката на УНЕСКО е Буково да се затвори до декември 2020.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Ангеловска која во министерското столче дојде од приватниот сектор, во „Еуростандард“ има 200.000 евра денарски депозит од 2014 и 51,2 илјади евра девизен депозит во истата банка од 2017.

300.000 евра во банки и две канцеларии – ова е имотот кој Нина Групер го пријавила во анкетен лист!

Државната комисија за спречување на корупција го објави Анкетниот лист на Нина Ангеловска,...

На 21 август 2019 година Катица Јанева била приведена и однесена во Кривичниот суд.

ЈАНЕВА: „Се заколнав на чесност како јавен обвинител, јас ќе ги почитувам законите во Република Македонија„

54-годишната екс обвинителка Катица Јанева, пред 4 години донесе преголема надеж во...

СДСМ се залага за една изборна единица, но е тивка. ДУИ сака да останат шесте изборни единци, додека БЕСА инсистира на три изборни единици.

Изборниот модел тешко да се смени, секоја партија си има различен став

Во својата изборна програма СДСМ запиша дека се залага за изборен модел каде цела Македонија...