Од македонски државјани, на неа од поодамна се наоѓаат Мендух Тачи , Љубе Бошковски и екс пратеникот Џеват Адеми, а меѓу организациите фигурира и поранешната Ослободителна Народна Армија – ОНА.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јуни, 2021 6:39

БАЈДЕН НАРЕДИ ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ИМОТ И ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО САД НА ЛИЦА КОИ РАБОТАТ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР И РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА

Фото/Текст извор: ©24 mk

По декретот на американскиот претседател Бајден, со кој се најавува дека САД ќе ги става на црна листа сите кои работат против Преспанскиот и Охридскиот договор и работат на дестабилизација на Западен Балкан, извесно е дека на црната листа со потпис на американскиот Претседател ќе се најдат и нови имиња на македонски политичари. 

„Станува збор за лица кои, се одговорни или се вклучени, директно или индиректно, во нарушување или во активност што го попречува или е закана за имплементацијата на кој било регионален безбедносен, мировен или договор за соработка или рамковен договор поврзан со Западен Балкан, вклучувајќи ги Договорот од Преспа од 2018 година, Охридскиот рамковен договор од 2001 година, Резолуцијата 1244 на ОН, Дејтонскиот договор, заклучоците на Совет за спроведување на мирот одржан во Лондон во декември 1995 година, вклучувајќи ги и одлуките или заклучоците на високиот претставник, Советот за спроведување на мирот или неговиот управен одбор, Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија или во однос на поранешна Југославија, Меѓународниот механизам за кривични трибунали “, оценува Бајден.

Аналитичарите пак оценуваат дека декретот е сериозна порака за целиот Западен Балкан, со што се покажува дека Бајден будно ги следи состојбите на Балканот.  

Eвропската Унија не ја коментира одлуката на Бајден. Петер Стано, портпарол за надворешна политика во Европската Комисија истакна дека Унијата има сопствени ангажмани на Западен Балкан.

Диплотматски извори за ТВ 24 пак коментираат дека ваквите пораки од САД не смеат да се сметаат за наивни. Политичар што ќе се најде на црната листа на Америка ќе се соочи со последиците од санкциите. Санкциите подразбираат блокирање и застој во финансиското функционирање надвор од земјава, забрана за патување во САД, проблематични банкарски трансакции и слично.

Целта според коментарите на познавачите е политичарите да понесат и одговорност, да се влијае врз промената на ставовите кои треба да бидат во насока на зајакнување на демократскиот капацитет, но и поголема внимателност при носењето на полтички одлуки во иднина.  

На црната листа на САД претходно се најде поранешниот албански премиер Сали Бериша, а од минатата недела и шестмина бугарски бизнисмени и лица блиски до партијата на Бојко Борисов. 

Од македонски државјани, на неа од поодамна се наоѓаат Мендух Тачи , Љубе Бошковски и екс пратеникот Џеват Адеми, а меѓу организациите фигурира и поранешната Ослободителна Народна Армија – ОНА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Одлуката треба и официјално да биде усвоена до крајот на неделава, наведе портпаролот на португалското претседателство со ЕУ, пренесе ДПА.

Брисел ќе им дозволи на македонските државјани да патуваат во ЕУ

Европската унија треба постепено да ги олесни корона ограничувањата за влез за патниците...

Многу набљудувачи предупредуваат на нееднаков пристап до вакцините во богатите и сиромашните земји, влошувајќи ја и продолжувајќи ја пандемијата од која досега починаа повеќе од 3,5 милиони луѓе.

СЗО: Човештвото ќе мора да се навикне на соживот со коронавирусот

Глобалното искоренување на коронавирусот во моментов не е разумна цел, рече Дејвид...

Со усвојувањето на договорот пред крајот на овој месец Ковид пасошите би требало да станат реалност за почетокот на летната сезона и да помогнат да се намали штетата врз туризмот ширум ЕУ.

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА КОВИД ПАСОШИТЕ ВО ЕУ

Европратениците и земјите членки конечно постигнаа договор по четири часа преговори...

Според официјалните информации за влез во Грција ќе ви биде потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или пак потврда за имунизација.

Грција од петок ги отвора границите – Ова се протоколите кои ќе важат на плажа

На 14 мај Грција конечно ги отвора границите за туристите. Плажите веќе се отворени...