Актуелниот претседател

Објавил: Калина Мартинска | 14 јули, 2024 9:44

Бајден се обрати по обидот за атентат врз Бајден, го прекина одморот во Делавер

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По пукањето за време на говорот на Доналд Трамп, АП објави и каква била првата реакција на актуелниот американски претседател Бајден.

Американскиот претседател беше прашан за инцидентот кога излегуваше од црквата во плажата Рехобот, но тој рече дека не бил целосно информиран за нападот.

Одделот за домашна безбедност наскоро објави дека Бајден добива ажурирани информации од американската тајна служба.

Дури потоа следеше целосна реакција.

„Благодарен сум што слушнав дека е безбеден и здрав. Се молам за него и неговото семејство и другите кои беа на митингот додека чекаме повеќе информации. Џил и јас сме благодарни на Тајната служба што го одведоа на безбедно. Нема место за вакво насилство во Америка. Мораме да се обединиме како нација и да го осудиме ова насилство“, се вели во изјавата на Бајден.

За време на говорот на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во Пенсилванија, одекнаа истрели, а поранешниот претседател веднаш беше отстранет од бината од обезбедувањето.

Трамп додека го држеше својот говор изгледаше како да паднал на земја. Брзо бил опколен од агенти на Тајната служба и останал на земја околу една минута. Тој потоа станал, ја подигнал тупаницата во воздух, пред да биде однесен од бината и да биде одведен во возило, кое брзо го напуштило местото на настанот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести