Ова е најголемо намалување од почетокот на статистиката од 1995-та година. Во првиот квартал, БДП-то во еврозоната падна за 3,7%, додека оној на ЕУ падна за 3,3%.

Објавил: Стојче Бушин | 9 септември, 2020 15:48

БДП-то на ЕУ и евро-зоната со најголем пад од 1995-та во периодот од април до јуни

Фото/Текст извор: ©денар

Бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната се намали за 11,8% во вториот квартал во споредба со првите три месеци од годинава, покажуваат податоците на европскиот завод за статистика „Евростат“. БДП-то на ЕУ падна за 11,4% во истиот период.

Ова е најголемо намалување од почетокот на статистиката од 1995-та година. Во првиот квартал, БДП-то во еврозоната падна за 3,7%, додека оној на ЕУ падна за 3,3%.

На годишно ниво, БДП-то на еврозоната падна за 14,7%, а на ЕУ за 13,9%. Ова е исто така најголем пад од почетокот на статистиката во 1995-та година.

Меѓу земјите-членки за кои се достапни податоци за вториот квартал, Шпанија забележа најостара контракција на својата економија со 18,5% на квартална основа, следена од Хрватска со пад од 14,9% и Унгарија со 14,5%. Најмал пад е забележан во Финска (-4,5%), Литванија (-5,5%) и Естонија (-5,6%).

Ова е најголемо намалување од почетокот на статистиката од 1995-та година. Во првиот квартал, БДП-то во еврозоната падна за 3,7%, додека оној на ЕУ падна за 3,3%.

Помеѓу април и јуни, трошоците за финална потрошувачка на домаќинствата паднаа за 12,4% во еврозоната и за 12% во ЕУ. Бруто фиксните капитални трошоци се намалија за 17% во еврозоната и за 15,4% во ЕУ, додека извозот падна за 18,8% и во еврозоната и во ЕУ. Увозот падна за 18% во еврозоната и за 17,8% во ЕУ.

Во исто време, во вториот квартал бројот на вработени лица се намали за 2,9% во еврозоната и за 2,7% во ЕУ во споредба со првите три месеци од годината. Ова е најостриот пад од 1995-та година.

На годишно ниво, вработувањето во еврозоната падна за 3,1% и во ЕУ за 2,9%, што е повторно најострата контракција од 1995-та година.

Додека ефектите од пандемијата ковид-19 врз вработените лица беа релативно умерени заради програмите за поддршка на владата, падот на работните часови беше многу поизразен. Тие се намалија за 12,8% во еврозоната и за 10,7% во ЕУ во вториот квартал во споредба со првите три месеци од годинава.

Во споредба со истиот период минатата година, падот во еврозоната е 16,6% и во ЕУ – 13,8%.

Помеѓу април и јуни, бројот на вработени лица се намали во сите земји-членки во споредба со претходниот квартал, освен во Малта, каде беше забележан раст од 0,6%. Најголем пад има во Шпанија (-7,5%), Ирска (-6,1%), Унгарија (-5,3%) и Естонија (-5,1%).

Во нашата земја, бројот на вработени лица се намали за 3,3% на годишно ниво и за 1% во споредба со првиот квартал од минатата година.

Врз основа на сезонски прилагодените податоци, Евростат проценува дека 203,1 милиони луѓе биле вработени во ЕУ во вториот квартал, од кои 155,6 милиони во еврозоната.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Светска банка во последниот извештај предвидува дека земјава годинава ќе ја заврши со пад на БДП од 4,1 отсто, а за наредната и за 2022 година прогнозира раст од 3,6, односно 3,5 отсто.

Светска банка: Северна Македонија се справува со најдлабоката рецесија од 2001 година наваму

Северна Македонија се справува со најдлабоката рецесија од 2001 година наваму, се вели...

Министерот за финансии Фатмир Бесими на сред презентацијата на ребалансот на буџетот кој е на матичната комисија за финансирање и буџет ги корегираше проекциите. Им кажа на пратениците дека бројките кои ги кажал пред една недела не биле точни.

За три месеци јавниот долг рипна за 1 милијарда евра или за 9 проценти од БДП

Јавниот долг на земјава за три месеци во периодот од април до јуни, кога ефектите од...

Министерството за одбрана не претрпе значајни кратења. Намалување има кај парите за модернизација на МО, но зголемување има кај ставката Интеграција во НАТО.

АНАЛИЗА: Кои проекти одат под „нож“ со ребаланс на Буџетот?

Преполовени средства за изградба на владини објекти, спортски сали и училишта, намалени...

За купување компјутер и ИТ-опрема, повратот на ДДВ изнесува 5%. Позначително е ослободувањето за македонски производи, односно можноста за поврат на 18% ДДВ.

Денес започнува „Викенд без ДДВ“ и ќе трае три дена

  Под строги протоколи и со бројни реклами за попусти стартува тридневниот продолжен...