Денарите треба да ја добијат придавката по отворањето на поглавјето 17 кое ја опфаќа економската и монетарната политика, но Народната банка веќе склучи договор за печатење нови 10 и 500 денарки со новото име.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 октомври, 2019 10:06

Без датумот, половина од потшишаниот Преспански договор не треба да важи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонија се истрча и спроведе речиси сè од Преспанскиот договор и тоа пред време, анализира „Алфа“. Иако во самиот договор се предвидува преоден период за внатрешна употреба на новото уставно име, веќе имаме „северни“ институции, свидетелства, дипломи, изводи и други документи, а наскоро и „северни“ денари и „северни“ униформи за кои тендерите се веќе распишани.

Издавањето на ваквите документи и материјали… ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш, стои во Член 1 Став 10 од Преспанскиот договор, потсетува „Алфа“, додавајќи дека ова буквално значи дека свидетелствата и дипломите требаше да станат „северни“ најдоцна 5 години по отворањето на поглавјето 26 кое се однесува на образованието и културата но тие се веќе сменети.

Денарите треба да ја добијат придавката по отворањето на поглавјето 17 кое ја опфаќа економската и монетарната политика, но Народната банка веќе склучи договор за печатење нови 10 и 500 денарки со новото име.

Над 130 институции добија налог да станат национални или северни наместо македонски иако и тие имаа простор да се преименуваат подоцна, барем за внатрешна употреба.

Нашите власти буквално го претекнаа Преспанскиот договор и одредбите што ги наметнува. Таму никаде не е наложено дека во неформална комуникација не смее да се користи терминот Македонија, но политичарите на власт буквално во секоја прилика дури и неофицијална, ја потенцираат придавката Северна.

Прославата за 8 Септември беше под мотото „Боите на независноста“, за 2 Август под мотото „Сите сме деца на Илинден“, за 11 Октомври немаше никаков слоган освен „Ден на народното востание“. Во овие прилики во промотивните материјали воопшто не беше спомнат терминот „Македонија“ а функционерите во своите говори потенцираа дека илинденците и партизаните се бореле за независна, суверена и самостојна Република Северна Македонија иако договорот не предвидува ретроактивна примена, потсетува „Алфа“.

Извор Алфа.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

„Сега во моментов се замрзнува прогресивниот данок, па повторно нешто ќе анализираме неколку години па ќе видиме што е најдобро решение.

ДЕТЕКТОР: Власта не се откажува од прогресивниот данок и покрај одлуката за негово замрзнување

Економскиот советник на премиерот Заев, Фатмир Битиќи за Детектор открива дека во...

1200 евра месечен хонорар за амбасадорот Виктор Габер, по 1000 евра месечно за Проф. Људмил Спасов и за Доц.д-р Ана Чупеска!

СКАНДАЛ: Советникот на Димитров зема плата колку претседателот Пендаровски!

Кој како си ја наредил, толку пари ќе си лапне. Магазин дојде до документи кои укажуваат...

Ќе побарам поддршка од сите 120 колеги пратеници да се приклучат кон ова законско решение и заедно во најбрз можен рок истото да биде изгласано и применето во позитивните законски прописи во државата.

КИРАЦОВСКИ: Звучам иронично, но после се што се случуваше во Македонија ПРАВДА МОРА ДА ИМА!

Политиката е специфична и комплицирана дејност и наука. Понекогаш во истата, постојат...