Поранешниот кошаркар Клиф Робинсон, кој 18 години настапуваше во НБА лигата, нагласува дека марихуаната многу му помогнала во текот на кариерата.
Робинсон по повлекувањето од професионалното играње кошарка започна бизнис за одгледување и дистрибуција на марихуана, чија упореба во одредени сојузни американски држави е легализирана.
Ако играш 18 години во НБА и имаш 82 натпревари по сезона, мораш да научиш да живееш со анксиозноста и да најдеш начин за опуштање. Канабисот секогаш ми помагаше во тоа, истакна Робинсон.
Поранешниот кошаркар е еден од заговорниците за легализација на марихуаната, а во долгогодишната кариера настапуваше за Портланд, Феникс, Детроит, Голден Стејт и Њу Џерси.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.