Последниот испад на Шилегов се однесува на реалните и очекувани барања на противпожарната бригада од Автокоманда, коишто единствено го бараат она што им следува согласно ризичноста на работното место - надомест за ризик на работно место!

Објавил: Мате Парлоф | 28 октомври, 2020 14:28

Без пожарникари не можеме, без Шилегов сигурно можеме

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Самоволието и арогантниот однос од страна на функционерите на СДС од ден во ден стануваaт се почести. Наместо да се решаваат проблемите со коишто се соочуваат работниците, тие се соочуваат со неспособноста на градоначалникот на Град Скопје – Петре Шилегов, којшто пак соочен со притисокот од сериозноста на ситуацијата, полека но сигурно го губи допирот со реалноста.

Последниот испад на Шилегов се однесува на реалните и очекувани барања на противпожарната бригада од Автокоманда, коишто единствено го бараат она што им следува согласно ризичноста на работното место – надомест за ризик на работно место!

Наместо да наидат на разбирање кај „таткото“ на Град Скопје, работниците беа пречекани со крајно несериозен и игнорантски однос. Имено, Шилегов не понуди никакво решение, туку напротив, тој ги нападна и уцени работниците. Шилегов очигледно заборави на ветувањата на премиерот Заев од минатата година на средбата со претставниците на Независниот синдикат, кадешто соопшти дека се обезбедени финансиски средства за плати на сите пожарникари согласно закон и дека има зголемување на средствата за 70 милиони денари за 2020 година.

Доколку градоначалникот тврди дека одговорноста е во централната власт, која трансферира блок – дотации, тогаш нека праша во својата партија, зошто има средства за платите на советниците на Заев, кои се двојно поголеми од платите на пожарникарите! Додека коалициониот партнер ДУИ и новиот министер за финансии, Фатмир Бесими тврдат дека нема ингиренции кои можат да спречат да се исплаќа плата на вработените во администрацијата, кои патем не одат на работа и дека ова нема фискални импликации, од друга страна пожарникарите не можат да си ги добијат ниту платите за коишто работеле и им следат по закон.

Ние како политичка партија, којашто се залага за правата и интересите на работничката класа, најостро го осудуваме однесувањето на градоначалникот Шилегов и бараме од него, конечно да започне да ги решава проблемите со коишто се соочуваат овие работници, како и проблемите општо во градот, во спротивно, нека си признае дека е неспособен и нека си даде оставка.

Воедно упатуваме целосна поддршка за противпожарната бригада од Автокоманда и им порачуваме дека им стоиме на располагање со нашите капацитети во процесот на решавање на нивниот проблем!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
28 октомври, 2020

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Дали е македонското здравство преде свршен чин? Како мисли минсигтерот Филипче да се бори против епидемијата, во вакви катасторфални услови.

Страв и трепет во Битолската Болница, двајца на приемно на инфузија заедно со два лешеви

Магазин дојде до ексклузивни фотографии, каде се гледа голготата на Македонското Здравство. Имено...

Изразувањето сочувство е едно од правилата за добро однесување, кое произлегува од домашно воспитување и општествената норма што треба да се почитува, особено ако сте носител на важна и одговорна функција во државата.

Стоилковиќ: Срамно однесување на Заев и Пендаровски по смртта на српскиот патријарх Иринеј!

Претседателот на Демократската партија на Србите и пратеник Иван Стоиљковиќ остро...

Оттука, со право можеме да прашаме, што е следниот чекор на патот кон Европа? Да почнат ниту да не ги огласуваат слободните работни места надвор од партиските штабови!?

Левица утре поднесува 61 барање за надзор до инспекторат за труд поради партиски вработувања во училиштата

Одамна се зборува за партизацијата на јавните служби, и одамна истата состојба сè...

Самото сервисирање на долгот (исплата на рати и камати) изнесува околу 30% од јавните приходи.

Предложениот лек за должничката криза е поопасен од самата болест од која е зафатена македонската економија

Јавниот долг забрзано се движи кон неодржливост. Нетранспарентноста, неотчетноста...