Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.

Објавил: Сара Фемина | 19 септември, 2022 17:52

Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на Исламската верска заедница (ИЗВ), реисот Шаќир Фетаху за почитување на мерките за штедење на струја од страна на ИВЗ и нејзините верници.

Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.

Голема поддршка ќе биде секоја порака што ќе излезе од страна на ИВЗ, а тоа ќе се сподели преку џамиите до сите верници, било да се тоа Албанци, Турци… Тоа е многу важно заради тоа што секое штедење го помага семејниот буџет, воедно ги помага и институциите во делот да се намалат трошоците, а и потребите во делот на потрошувачката заради тоа што имаме одредена потрошувачка која е на регулиран, а другата на слободниот пазар, за да се ослободат количества со кои може да се помогне на индустријата која креира работни места и на таков начин приходите во нашите семејства да не се скратат, рече Бектеши.

Фетаху од своја страна апелираше до сите граѓани во овие тешки моменти да бидат свесни за улогата и придонесот што може да го имаат. Тој најави дека веднаш ќе преземат мерки како да ја рационализираат потрошувачката на струја, иако, како што нагласи, внимаваат во тој дел.

Имаме над 700 објекти, 13 муфтивства , со сите ќе разговараме како да се придонесе во ова, а и јас како поглавар на ИВЗ секој петок ќе бидеме заедно со моите соработници и верниците ќе зборуваме на оваа тема и за излез од кризата, изјави Фетаху.

Како што информираше Бектеши, неговиот тим денеска разговара со МПЦ за да е одреди термин за средба на оваа тема, а очекува таа да се реализира неделава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Претседателот на клубот Атанас Мазнев вели дек овој напад не е случаен, бидејќи претходно им се откажувале договорите за закуп, а проблем имаат и со сегашниот објект.

Во Охрид се отвора ново бугарско здружение, во Благоевград оштетен Македонскиот културен центар

Македонските клубови во Бугарија повторно се мета на вандали. Овој пат од македонскиот...