Туристичката берза веќе традиционално ги собира сите чинители од туризмот со иста цел - предизвици за развој на туризмот и дигитализацијата, а предвидена е и конференција за одржлив туризам.

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 февруари, 2021 11:24

Бектеши: Заеднички да работиме по завршување на кризата со пандемијата да го вратиме туризмот во нормала

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Туризмот е една од најпогодените индустрии од  пандемијата, а заедничката цел и наша и на туристичко-угостителскиот сектор е оваа криза што побрзо да заврши и да се вратиме во нормала.

Ова го порача министерот за економија, Крешник Бектеши во своето обраќање на Петтата туристичка берза организирана од страна на Националната асоцијација за дојдовен туризам-НАИТМ.

„Република Македонија е една од земјите која го смета туризмот како приоритетен економски сектор благодарение на природните ресурси и културно – историските споменици, кои привлекуваат многу домашни и странски туристи. Владата на Република Северна Македонија веќе презеде низа активности во сите пет пакети на мерки кои што досега ги објавивме,  се со цел во овие тешки времиња да се помогне на туристичката индустрија и да се зачуваат работните места. Токму овој сектор беше и најмногу поддржан и опфатен во сите пет сета мерки. Сакам да испратам порака дека и како министер за економија и како Влада ја следиме ситуацијата и ќе бидеме со овој сектор се до надминување на оваа криза. Токму од овие причини ги охрабрувам сите чинители да продолжат со активности за опоравување од кризата и позитивно заедно да настапиме со надеж дека оваа година ќе почнеме да ги враќаме клиентите кај туристичките работници“ кажа министерот Бектеши во своето обраќање.

На настанот беше присутна и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер. Таа истакна дека и покрај КОВИД-19 кризата, голем е ентузијазмот за напредок на туристичката индустрија, како и дека со промоција на секторот ќе ја задржиме државава на светската мапа за туризам.

„Веруваме дека потенцијалот на туристичкиот сектор во Северна Македонија се уште не е доволно искористен. Во текот на изминатите шест години соработувавме со тур-оператори, јавни институции и организации за деловна поддршка за натамошно подобрување на понудата, создавање поддржувачки еко-систем за туризам и подобро промовирање на Северна Македонија како туристичка дестинација“, рече амбасадорката Зутер.
Претседелот на НАИТМ, Влатко Сулев во своето излагање потенцираше дека Петтата македонска туристичка берза е многу важна одлука, затоа што отворањето на границите е се поблиску и туристите веќе ги планираат своите одмори.

Туристичката берза веќе традиционално ги собира сите чинители од туризмот со иста цел – предизвици за развој на туризмот и дигитализацијата, а предвидена е и конференција за одржлив туризам.

Овогодинешното мото на Берзата е „Сите сме дел од истата приказна”, кое ја покажува и општата цел на настанот, а се однесува на зголемувањето на свеста за важноста на туризам во нашата држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Министерот во емисијата појасни на кој начин е предвидено да се исплаќа финансиската поддршка во секторите кои што целосно се затворени, како и оние кои што се затворени со последната одлука на Владата од три недели.

Бектеши: Финансиската поддршка од Шестиот пакет мерки е реална, пари ќе добијат дејностите кои што се најпогодени

Финансиската поддршка од Шестиот пакет мерки е реална и предвидува поддршка за оние...

Тој додаде дека пред точно две недели, по препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука за делумно затворање на угостителските објекти, заради заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширење на вирусот.

Презентиран шестиот пакет на економски мерки: Таргетирана поддршка од 17,8 милиони евра за 10.000 фирми и 60.000 вработени

Шестиот пакет на мерки, усвоен на денешната 66-та седница, опфаќа седум мерки со кои...

Од самиот почеток на кризата, Владата носи сеопфатни мерки во консултација со сите засегнати страни, како и со меѓународните финансиски институции, сѐ со цел задржување на ликвидноста на компаниите и на работните места за граѓаните.

Шестиот пакет економски мерки опфаќа 7 мерки со кои се таргетирани најпогодените сектори од ковид-кризата

Шестиот пакет економски мерки опфаќа 7 мерки со кои се таргетирани најпогодените сектори...

Затоа, претседателот Пендаровски без никаква дилема ги потпишa Указите за прогласување на законите со кои ќе им се овозможи на илјадници наши граѓани да земат плата за февруари и март оваа година.

Пендаровски без никаква дилема ги потпишa Указите за прогласување на законите

На македонската јавност и е добро позната заложбата на претседателот Пендаровски...