Во рамки на Министерството за економија следната година ќе се реализираат неколку програми за поддршка на индустријата, иновативноста, занаетчиството, туризмот и поттикнувањето на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност.

Објавил: Перо Милчин | 18 јануари, 2021 15:53

Бектеши: И во 2021 година Министерството за економија продолжува со мерки за поддршка на индустријата, занаетчиството, туризмот и енергетска ефикасност кај домаќинствата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Интегралниот текст на обраќањето на министерот Бектеши Ви го пренесуваме во целост:

„Дозволете ми да Ве информирам за Програмите кои што ќе ги реализира Министерството за економија во 2021 година кои што беа донесени на последната седница на Владата.

Во рамки на Министерството за економија следната година ќе се реализираат неколку програми за поддршка на индустријата, иновативноста, занаетчиството, туризмот и поттикнувањето на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност.

Со мерките и активностите за поддршка и развој на МСП и на претприемништвото во Северна Македонија ќе продолжиме и оваа година.

На тој начин во очекување на завршувањето на пандемијата ќе се отвори можност за компаниите, занаетчиите, фондациите, здруженијата и занаетчиските комори, поддршка во реализација на нивните бизнис активности.

За таа цел, оваа година Министерството за економија за реализација на мерките предвидени во Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (КИП) обезбеди 68.800.000 денари.

Овие средства се наменети за:

  • 50.000.000 денари за мерки за Поддршка на развојот на развој на микро, мали и средни претпријатија,
  • 13.000.000 денари за имплементација на мерки од Индустриската стратегија,
  • 4.800.000 денари наменети за мерки за поддршка и развој на Кластерското здружување во Република Северна Македонија и
  • 1.000.000 за мерки за Инвестиции и општествена одговорност, како и субвенции за приватни претпријатија.

На јавните повици ќе бидат утврдени квотите за број на претпријатија кои ќе се субвенционираат по плански региони и тоа согласно принципот „прв дојден, прв услужен“.

Покрај КИП програмата, оваа година продолжуваме со целосна реализација на Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата.

Минатата година како резултат на пандемијата не успеавме целосно да ја реализираме оваа програма и средствата за оваа намена беа пренаменети за поддршка на најпогодените. Но, оваа година продолжуваме со финансиската поддршка за граѓаните за што се предвидени вкупно 52.000.000 денари.

Средствата се наменети за:

  • 8.000.000 денари за надоместување на дел од трошоците за сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30%, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања;
  • 22.000.000 денари за надоместување на дел од трошоците за ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за категоријата на лица со ниски примања;
  • 14.000.000 денари за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања;
  • 8.000.000 денари за надоместување на дел од трошоците за фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство.

Оваа година за прв пат доделувањето на надоместокот ќе се врши согласно принципот „прв дојден прв услужен’’ во рамките на утврдениот износ на средства со огласот за секој плански регион според степенот на развиеност на планските региони согласно прописите за рамномерен регионален развој.

Во делот на обновливите извори на енергија оваа година се наменети 21.800.000 денари за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија како дополнителен износ на цената која ја остварил со продажбата на произведената енергија на пазарот на електрична енергија од фотонапонски централи.

Исто така вкупно 8.000.000 денари се предвидени во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, односно за поддршка на енергетска сиромаштија.

Минатата година бевме целосно фокусирани на поддршка на туризмот како најпогодена гранка од пандемијата. Во сите четири сета мерки кои ги донесе Владата беше предвидена поддршка на туристичко-угостителскиот сектор.

Продолжуваме со интензивна поддршка и годинава за што со Програмата за развој на туризмот во Северна Македонија во 2021 година се предвидени 31.000.000 денари.

Со оваа програма годинава предвидени се мерки за промоција туристичката понуда на државата и тоа:

  • За дигитален маркетинг за туристичкиот потенцијал на социјални медиуми 11.500.000 денари;
  • Субвенции за опрема и алатки за подобрување на Активен туризам 3.500.000 денари;
  • Субвенции за туристички цели на селски домаќинства 5.000.000 денари;
  • Промоција на еколошки зони (еко-туризам) изготвување на Студија за еко-туризам и план за промоција на потенцијалите за развој на еко-туризмот 1.500.000 денари;
  • Кампања за безбедно патување – одбележување на туристички центри со сертификати за безбеден туризам, промотивен материјал безбедно патување и медиумска кампања за туристите 1.000.000 денари;
  • Надградба на мобилна апликација „Visit Macedonia” за туристичките потенцијали на земјата, како и можноста за резервација на: хотел, ресторан, културен настан, како и проверка на понудите за посета на одредени места во самиот регион 500.000 денари;
  • Субвенции за дигитализација на туристичко/угостителскиот сектор кои ќе придонесат за дигитализација на туристичката понуда и подобрување на дигиталната промоција на туристичко/угостителскиот сектор во Република Северна Македонија 4.500.000 денари.

Во делот на туризмот, сакам да информирам исто така дека оваа година продолжуваме со мерката – организиран одмор на работници со ниски приходи.

Ефектите од ваучерите за домашен туризам за граѓани со ниски приходи кои што како мерка за поддршка на туризмот за време на пандемија ги реализиравме минатата година дадоа резултат, посебно за домашните туристички капацитети.
Оваа година во таа насока продолжуваме преку оваа мерка која што почна да се реализира за прв пат во 2017 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Туристичката берза веќе традиционално ги собира сите чинители од туризмот со иста цел - предизвици за развој на туризмот и дигитализацијата, а предвидена е и конференција за одржлив туризам.

Бектеши: Заеднички да работиме по завршување на кризата со пандемијата да го вратиме туризмот во нормала

Туризмот е една од најпогодените индустрии од  пандемијата, а заедничката цел и...

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

МТСП: Од утре почнува етапната исплата на февруарските пензии

Oд утре 25.02.2021 година, (четврток) почнува етапната исплата на февруарските  пензии....

Евроамбасадорот Дејвид Гир кажа дека претседавањето со ЦЕФТА на Македонија дава можност за значаен напредок во многу области.

Бектеши: Приоритетна цел на Македонија во претседавањето со ЦЕФТА ќе биде отстранувањето на пречките во трговијата

Министерот за економија Крешник Бектеши и амбасадорот на Европската Унија во Македонија,...

Премиерот Заев истакна дека оваа компанија од индустриската дејност, дури 97 проценти од производството го пласира на странскиот, главно европски пазар.

Заев во „ТАБ МАК“ Пробиштип: Се зголемува производството за извоз, пред нас е фаза на економски раст

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и заменик-претседателот...