
Македонија
Економија
Министерот за економија, Крешник Бектеши вчера вечер во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека 78 илјади работници земаат минимална плата од 15.200 денари.
„Мнималната плата ќе ја покрие просечната плата со 60,76% и таа ќе изнесува 18,000. До крај на годината Владата ќе ја покрие разликата од тоа што се сложија стопанствениците до таа од 18 илјади што ја бараше синдикатот“, истакна Бектеши!
Тој додаде и дека растот на минималната и просечната плата во реалниот сектор е поголем од тој во администрацијата.
На крај, Бектеши напомена и дека заслуга за оваа мерка има министерот за финансии Фатмир Бесими и ДУИ како политичка партија, затоа што ова ветување е од предизборната програма на ДУИ, а се реализира сега од Владата.
Во дебатната емисија гостуваа министерот за економија Крешник Бектеши, претседателот на северозападна комора, Неби Хоџа и економскиот аналитичар Висар Адеми.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.