Тој нагласи дека АД ЕСМ во рок успеале да ги завршат сите обврски и подготовки, и да ги земат лиценците, со цел да можат да испорачуваат топлинска енергија.

Објавил: admin@magazin | 15 октомври, 2022 12:35

Бектеши: Не зависиме од другите држави, снабдувањето на струја е од домашни капацитети

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека граѓаните ќе добиваат топлинска енергија непречено до крајот на грејната сезона, како и дека потрошувачите не електрична енергија кои се на регулираниот пазар како што се домаќинствата ќе добиваат струја од домашните капацитети, за што, како што истакна веќе се направени сите неопходни подготовки, јави МИА.

Откако АД ЕСМ ги направи и ги заврши сите подготовки скопјани имаат парно греење. Тоа ќе биде до крајот на грејната сезона. Граѓаните во континуитет ќе бидат снабдувани со топлинска енергија. Затоа не треба да се создава паника, бидејќи сите институции се подготвени навремено да го испорачуваат тоа што им е обврска, истакна Бектеши кој денеска на првиот ден од грејната сезона беше во посета на Топлана-Исток.

Тој нагласи дека АД ЕСМ во рок успеале да ги завршат сите обврски и подготовки, и да ги земат лиценците, со цел да можат да испорачуваат топлинска енергија.

Во врска со снабдувањето со електрична енергија министерот за економија додаде дека во делот на регулираниот пазар домаќинствата, малите потрошувачи и дел од слободениот пазар цела зимска сезона ќе бидат снабдувани во континуитет со електрична енегија од домашни капацитети.

Ние не зависиме од другите држави. Ние сами се подготувавме за се да покриваме домашно за да немаме зголемување и на цените и дополнително на тоа да не зависиме од тоа што би се случило во регионот, во Европа или, пак, глобално. Затоа сите капацитети се ставаат веќе во функција, а денешниот ден секако дека е потврда на тоа дека последните неколку месеци директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски со неговиот тим и со поддршка на Владата ги направија сите подготовки денеска да имаме парно во градот Скопје. Електрична енергија имаме во континуитет за сите наши граѓани и тоа ќе биде до крајот на грејната сезона. Ние не зависиме од другите, ние ги правиме нашите подготовки, ние ги вклучуваме сите наши капацитети, а секако дека сите предлози се добредојдени, ќе ги разгледаме и како што сме ветиле најдобрите понуди во интерес на граѓаните ќе бидат прифатени од наша страна се со цел најевтино да ја поминеме оваа зимска сезона во делот на производство на електрична и на топлинска енергија, рече Бектеши.

Директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски кој заедно со Бектеши беше во посета на Топланата-Исток истакна дека граѓаните треба да бидат безбедни и оти ќе бидат обезбедени со топлинска енергија.

Имаме обезбедено енергенс до крајот на месецов, а следствено на тоа како понатаму ќе функционира приватната гасна централа ТЕ-ТО ќе знаеме дали ќе повлекуваме топлинска енергија од ТЕ-ТО или и понатаму целосно ќе произведуваме топлинска енергија во нашите топлани коишто ги имаме под закуп од АД „Адора“ во топланите Исток и Запад. Утринава во 5:50 часот беа пуштени топланите при температура од 9 степени, истите работеа до 9:15 минути кога се постигна надворешна температура од 12 степени и притоа во овој период беа испорачани 997 мегават часови топлинска енергија, изјави Ковачевски.

Со оглед дека првично од АД Макпетрол беше набавен гас само за првите две недели од почетокот на грејната сезона, Ковачевски појасни, дека гас ќе се набавува дополнително, и тоа по пониски цени бидејќи, како што рече, тие се во опаѓање. Доколку има некакви промени, и има екстремно високи цени на гасот или пак ако го нема на пазарот, се прават подготовки топланите исток и запад да работат на дизел гориво, за што АД ЕСМ ги прави потребните набавки на опрема и пред се на пумпи за таа намена.

Според Ковачевски, има разговори и за шестмесечна набавка и испорака на природен гас по цена пониска од сегашната од компании надвор од државата.

Во врска со снабдувањето со електричната енергија, Ковачевски истакна дека самото намалување на температурите повлекува поголема потрошувачка, но, како што вели, АД ЕСМ максимално е подготвено за стартот на грејната сезона и во овој дел.

Денеска во функција се ставени и блокот 1 и блокот 2 во РЕК Битола, значи двата блока денеска почнуваат со работа и во блокот 1 којшто во претходните 23 дена беше во ремонт. Иако, да потсетам за јавноста, еден ваков ремонт трае околу 45 дена, со зголемен ангажман на нашите вработени посебно на вработените во РЕК Битола и ангажманот исклучиво на домашни компании успеавме за толку краток период да го подготвиме блок 1 и денеска се става во систем и ќе биде во функција во текот на цела грејна сезона. Во функција исто така е и термоелектраната во Осломеј којашто ќе работи уште еден краток период, потоа ќе се направи еден краток застој за да може да се направат кратки сервисни интервенции и од почетокот на ноември да биде во функција до крајот на грејната сезона, појасни Ковачевски.

Тој информира и дека ТЕЦ Неготино во моментов работи со двата котли, со максимален капацитет од околу 180 мегавати сила испорачува во системот и оти има дневна испорака од околу илјада тони мазут кој овозможува непрекинато работење на оваа термоелектрана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...