
Македонија
Фејсбук
Бектеши позираше со пакети масло за јадење
Нема место за паника, има доволно резерви на масло за потребите на граѓаните, напиша на Фејсбук министерот за економија, Крешник Бектеши сликан со пакети масло за јадење.
Производителите на сочогледово масло за јадење уверуваат дека ќе се обезбедат доволно количини а цената по шише ќе се движи од 130 до 150 денари.
Има доволно суровина, постојано се вршат набавки од Бугарија, вели директорот на фабриката Благој Ѓорев од Велес, но надежите се дека повторно ќе се зголемат земјоделските површини со сончоглед во земјава.
Не очекувам поскапувања. По празникот цената ќе се стабилизира и маркетите ќе бидат полни со масло за јадење. Нема потреба граѓаните да прават залиха, ќе има доволно зејтин на пазарот. Порано произведувавме околу 40 000 тони сончоглед, а лани откупивме помалку од 4 000 тони. Тоа е само 10 отсто од она што сме го имале како држава. – Горан Лазов – Генерален директор на фабриката „Благој Ѓорев” во Велес!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.