Министерот во емисијата појасни на кој начин е предвидено да се исплаќа финансиската поддршка во секторите кои што целосно се затворени, како и оние кои што се затворени со последната одлука на Владата од три недели.

Објавил: Сара Фемина | 22 април, 2021 12:18

Бектеши: Финансиската поддршка од Шестиот пакет мерки е реална, пари ќе добијат дејностите кои што се најпогодени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Финансиската поддршка од Шестиот пакет мерки е реална и предвидува поддршка за оние дејности кои што со одлука на Владата се затворени, односно кои се најпогодени од пандемијата. Овие мерки се континуитет на претходните, а најголем дел од поддршката е наменета за туристичко-угостителскиот сектор, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во „Економски Магазин“ на Алсат телевизија.

Министерот во емисијата појасни на кој начин е предвидено да се исплаќа финансиската поддршка во секторите кои што целосно се затворени, како и оние кои што се затворени со последната одлука на Владата од три недели.

„Моделот е комбиниран. Предвидовме за сите регистрирани угостителски објекти да доделиме финансиска помош според нивните приходи или прометот кој го имале во 2019 година комбинирано со 2020 година, ќе се земе просекот од месецот и за периодот во кој биле затворени, 30% од тој промет ќе им се додели на угостителските објекти. Оваа мерка покрај угостителите е во иста форма е наменета и за приватни детски одморалишта, ноќни клубови, игротеки, ресторани за свадби, евент индустрија, фитнес центри, фотографи и фотографски студија и туристички агенции. Моделот ќе биде сличен како оној кој што го реализиравме во четвртиот квартал 2020 година каде ќе одиме со директна помош како грант, зависно од категоризацијата. Предвидена и поддршка за исплата на плата по вработен. На пример за една компанија со 10 вработени ќе се поделат 152.000 денари за исплата на плати на вработените,“ кажа министерот.

Тој појасни дека според податоците од УЈП и Централен регистар, ако се прави споредба во угостителскиот сектор и туризам воопшто, ако правиме споредба од 2020 година и тоа што е пријавено оваа година и се спореди со 2019 година, ќе  констатираме дека има пад од 30% на приходите во оваа дејност на државно ниво, што значи дека за оние кои што се затворени цела година според одлука на Влада тие ќе добијат 30 проценти од месечниот приход за секој месец поединечно.

Кога сме кај рестораните за свадби и прослави, точно да ги информираме сопствениците на ресторани за свадби. Значи во 2019 година просекот пријавен од овие компании беше 35.000 евра, ако се дели на 12 месеци, тоа е 3.000 евра и од 3.000 евра ќе добијат 30%. Оваа е помошта која со моделот на враќање на процентот ќе им се дава на рестораните кои организираат свадби и прослави и плус да додадеме дека за секој вработен ќе добијат дополнителни 15.200 денари“ кажа министерот и потсети дека минатата година овие ресторани добија директни грантови до 10 илјади евра и во меѓувреме се категоризираа во вкупно 140 вакви објекти.

Во однос на оние угостителски објекти кои се затворени во изминатите две недели, и ќе станат уште една недела затворени тогаш како што појасни министерот ќе се земе просекот од 2019 година, 2020 година од денот кога започна пандемијата до крајот на првиот квартал на 2021 година и врз основа на тие податоци ќе се дели на 12 месеци и сумата која е за еден месец, ќе се земат 75% затоа што забраната е 21 ден и од 75% ќе добиваат 30%.

“Финансиска поддршка за исплата на плата од 15.200 денари според оваа мерка ќе добијат сите оние вработени во угостителскиот објект кои биле пријавени како вработени на 6 април 2021 година кога беше донесена одлуката за затварање, односно за примање на гости“ кажа министерот.

Министерот информираше и дека следниот месец Министерството за економија ќе го објави јавниот повик за туристички ваучери, а ќе ги добијат сите вработени со ниски приходи кои ќе имаат право да аплицираат. Предвидено е да бидат опфатени околу 1.000 граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Годишниот раст изнесува 8,3 отсто и главно е резултат на повисоките депозитни пари, при помал позитивен придонес и на краткорочните депозити и готовите пари во оптек, а во услови на забележан пад кај долгорочните депозити до две години, информираат од Народната банка (НБ)!

НБ: Продолжува растот на депозитите и на кредитната поддршка

Паричната маса во јуни годинава, бележи месечен раст од 1,1 отсто што во најголем дел...

„Охридска Банка“ е создадена и креирана од легендарниот охридски банкар, Најденко Попоски, кој ја создаде банката од една филијала која била лоцирана на местото каде сега е зградата попозната како „Банкана“.

Повеќе не постои „Охридска Банка“

После децении успешна работа и градење бренд кој стана најголем симбол на бизнисот...

Зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 188 денари на ниво на просечна пензија и 125 денари на ниво на најниска пензија.

Пензионерите со јулската пензија добиваат зголемени пензии за 1.2%

Пензионерите со јулската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување...

Вицепремиерот Битиќи посочи дека на овој јавен повик се доставени рекорден број на апликации, со што се докажува дека во нашата земја има навистина голем број на ентузијасти и претриемачи кои благодарение на ваквите инструменти, чувствуваат храброст и смелост да создадат проект и да го преточат во реалност.

Преку ФИТР се распределени вкупно 5.7 милиони евра за поддршка на 103 проекти на компании за забрзан раст

Вкупно 5.7 милиони евра ќе се распределат за поддршка на 103 компании, чии проекти се одобрени...