На повеќе локации ќе има изложби, детски работилници, концерти, театарски претстави, инсталации, кино проекции и поетски читања

Објавил: Данаил Михајловски | 6 октомври, 2018 14:59

„Бела ноќ“ по 14. пат низ цело Скопје

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По 14. пат, вечерва во Скопје ќе се одржи манифестацијата „Бела ноќ“, во организација на Младинскиот културен центар. На повеќе локации ќе има изложби, детски работилници, концерти, театарски претстави, инсталации, кино проекции и поетски читања.

Стартот е во 20 часот на плоштадот „Јадран“, со настап на Градскиот дувачки оркестар.

Од МКЦ велат дека годинава, акцентот е ставен на домашните уметници и на домашните организатори на културни настани, со цел да се збогати културната понуда на Скопје и да се покаже дека „Бела ноќ“ не е само вечер во која кафулињата работат со неограничено работно време. Целосната програма е достапна на www.belanok.mk.

За време на „Бела ноќ“, бесплатно ќе биде возењето во автобусите на ЈСП „Скопје“, кои сообраќаат кон централното градско подрачје, од 19 часот до раните утрински часови.

Во рамките на „Бела ноќ“ ќе се отвори и првото издание на меѓународниот фестивал на светлосна уметност, „Скопје лајт арт дистрикт“ (6-9 октомври). Отворањето е пред зградата „Дом Ибни Пајко“, а неговото мото е „Следи ја патеката“.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Манифестации

Одржан првиот Ивент Штафета на Еднквоста во Струмица со јасна порака „Прашај ме за моите способности, не за моите ограничувања!"

Подај ми рака и биди ми другар” порачаа децата со посебни потреби!

Вчера, 22 Јули, во Градскиот Парк во Струмица, за прв пат во Македонија, се одржа Штафета...

Оперската дива Елена Мошуц и романскиот тенор Калин Братеску ќе го отворат 58-то издание на фестивалот „Охридско лето“, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија.

Спектакуларно отворање на „Охридско лето“ на 12. јули

Романско-швајцарската сопранистка Елена Мошуц има репутација на еден од најразновидните...