Откако полицијата фрли солзавец, демонстрантите од собранието се спуштија низ околните улици и продолжија по улицата на крал Александар.

Објавил: Сара Фемина | 7 јули, 2020 23:51

БЕЛГРАД ГОРИ: Демонстранти упаднаа во српското собрание, интервенираше полиција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Демонстрантите кои се собраа вечерва пред Домот на националното собрание во Србија, го пробија полицискиот кордон и влегоа во салата на парламентот.

Револтирани граѓани поради одлуката за враќање на полицискиот час во Србија, доцна вечерва излегоа на протест пред зградата на српското Собрание во Белград.

Српската Народна партија денеска соопшти дека ќе поднесе тужба против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради воведување полициски час и ограничувања на слободата на движење на граѓаните.

23.42 – Откако полицијата фрли солзавец, демонстрантите од собранието се спуштија низ околните улици и продолжија по улицата на крал Александар.

23,24 – Во тек е нов судир меѓу полицијата и демонстрантите. Демонстрантите се обидуваат со сите сили да го пробијат полицискиот кордон. Фрлен е уште еден канистер со солзавец. Демонстрантите реагираат со факели.

23.10 – Вук Јеремиќ се судри со одредена група демонстранти. Група млади луѓе буквално го избркаа од вратата на собранието. Коментирајќи ја оваа ситуација, еден од присутните рече:

– Наместо да се собереме, се разделуваме, ова е хаос.

Како што дознава Курир.рс, Вук го напуштил местото на настанот, заедно со неговите приврзаници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Досега Приштина разменуваше информации со Европол преку мисијата ЕУЛЕКС, така што овој договор е уште еден прст во окото на Белград од администрацијата во Брисел.

ЕУ ВО ЧЕТВРТОК ПЛАНИРА УЛТИМАТУМ ЗА СРБИЈА: Признавање на Косово и членство во ООН!

Преставниците на администрацијата во Брисел во четврток практично ќе и стават на маса...

Лончар истакна дека здравствениот систем има доволно медицински персонал, без оглед на обемот на работа на болниците и замореноста на вработените.

ЛОНЧАР: 550 здравствени работници во Србија се заразени со корона, од кои 50 се во болница

Министерот за здравство, Златибор Лончар, соопшти денеска дека 550 здравствени работници...