
Македонија
Фејсбук
Сонцето од Кутлеш, симболот на македонската држава, засекогаш згасна и на плоштадот во Крива Паланка. Вчера со брусилици се бришеше сонцето од Кутлеш сред полициски час. Со реакција за “гнасниот чин” на социјалните мрежи се огласи и Васко Белески кој им порача на властите дека колку повеќе ќе брусат и уништуваат македонски симболи, толку повеќе народот ќе блеска и ќе биде неуништлив.
По брусењето на 16 краткото сонце во Крива Паланка, за нашиот портал се огласи и Васко Белески во кој рече дека ова е срамен чин од страна на актуелната власт и со овој потег се гази на достоинството на македонците кои живеат ширум светот.

Белески вели дека тоа беше и првото државно знаме на повеќепартиска Република Македонија и дека ниту едно знаме, ниту еден симбол од државата не му доликува да биде насилно уништуван, а посебно нешто што е во срцето на секој Македонец.
Колку повеќе БРУСИТЕ, толку повеќе ќе БЛЕСКАМЕ, а не сакајќи и ќе не ОБЕДИНИТЕ, напиша Белески.
Ѕвездата од Кутлеш, Сонце од Кутлеш или Аргеадска ѕвезда е симбол на стилизирана ѕвезда или сонце со шеснаесет зраци и симбол на античките Македонци. Се среќва во разни древни остатоци, цркви и народни градби во земјата.
Денес, симболот го користат скоро сите македонски здруженија во дијаспората, македонската општина Пустец во Албанија, многубројни организации во Македонија и беше државно знаме на Македонија од 1991 до 1995 година. Од друга страна пак, Грција вештачки го прифаќа како нивен симбол со тоа што Беломорска Македонија како провинција го има истото знаме но со сина
позадина.
„

Сонцето од Кутлеш не е грчки симбол, освен тоа што случајно се пронајде на денешната грчка територија. Денешните грчки симболи и античките грчки симболи се скоро еднакви бидејќи луѓето живееле на иста територија
Ѕвездата се користела за време на Кралство Македонија и во Република Македонија од јули 1992 до 1995 година кога е сменето со денешното македонско знаме. Денешното македонско државно знаме е стилизирана верзија на Ѕвездата од Кутлеш, со осум краци наместо шестнаесет.
Симболот се користел отсекогаш за означување и истакнување на македонскиот идентитет. Низ вековите, македонскиот народ секогаш го користел симболот во своето секојдневие и активности. За важноста на симболот за македонскиот народ сведочат и голем број на икони во кои се нацртани 16- краки ѕвезди или во поупростената верзија- ѕвезда со осум краци.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.