
Македонија
Колумна
Јас како и други македонци не ја признавам владата на Заев и Ахмети, и се залагам за нивно лишување од слобода. Спрема тоа вие “дисјаспорци”, фејсбук патриоти” кажете им на тие што ги повикувате за попис каде е логиката да подржуваш некој кој треба да оди во затвор и кој сака да ти ја распарчи Татковината?
Од онлајн медиумите како и од “дијаспорците” великодушници фејсбук борци од Канада, Австралија, Франција , Германија прочитав дека требало веднаш да се пријавиме и да се попиши ме на пиписот , бидејќи инаку не ќе сме ја исполнеле нашата граѓанска должност.
Но пред да го кажам моето мислење и став околу обаа работа, ајде да видиме кои се тие “патриоти од јабана” што повикуваат сите иселеници да се попишеле.

Многумина од нив ги познавам лично или од социјалните медиуми. Пред се се тоа луѓе кои со генерации се веќе граѓани на други држави и се заколнале на туѓ устав, нивните деца веќе со генерации по дома зборуваат различен јазик од Македонскиот.
Некои не ни биле во Македонија а за Македонија слушнале од тапанарските вечери во Торонто, Сиднеј, Берлин или Цирих.
Токму затоа се поставува прашањето колку сите овие оттуѓени Македонци имаат легитимитет да ги пивикуваат иселениците дасе попишеле во книгата на Окупаторот Заев- Ахмети?
Според мене немаат никаков авторитет, ниту право бидејќи нивните статуси и постови на ФБ се всушност мотивирани од побудата да се докажат и тапкаат во гради еве колку сум загрижен/на за Македонија а притоа не се свесни дека со тоа и го раздвојуваат македонецот и го прават несигурен ставајќи го во дилема, што е правилно а што не!
А најжалосното е токму тоа што истите тие Фејсбук патриоти за претседателските избори каде што навистина требаше да се гласа го потикнуваа Македонецот да бојкотирал и со тоа му овозможија на Пендаровски да постане “потрчко” председател.
Но, да не должам, не ми е е тоа намерата, лично јас секогаш се раководам од сопственото убедување и убеден сум дека таканаречениот “попис за дијаспората” во време кога Македонија ја водат Криминалци и психопати односно селаните од Муртино и Зајас треба и мора да се блокира.
Зошто: Прво Владата на Заев- Ахмети е неуставна почнувајќи од 27 Април па досега, првиот пат несутавно со прекршување на Уставот , фалсификати немање на парламентариум ( мнозиство) изглассаа Собрание, а вториот пат со фалширање на гласовите и наводното уривање на системот на државната комисија за избори ги поништија илјадници гласови од “сега” дијаспората и ги преиначиаја во своја корист фалсификувајќи ги и тие избори.
Второ, во нашата единствена држава Македонија опозицијата собира потписи за поништување на законот за попис и собрани се повеќе стотици потписи, а во исто време пак граѓаните се организираат да го блокираат пописот за кој и птиците на гранките веќе знаат дека е наместен и нема да ја отсликува реалноста.
Трето давајќи им подршка на Заев и Ахмети ( без разлика каква ви е намерата) значи давате поддршка и за дефинитивно федерализација на Македонија или потиснувње на Македонецот во Македонија. Четврто Попис Да но само со новата македонска влада составена од државјани на Македонија кои имаат само и само Македонски пасош.
Затоа мое големо НЕ за однапред наместениот таканаречен “ПОПИС” од Заев и Ахмети со кој се лансира и федерализацијата на Македонија
НЕ , не се попишувам никако.
Па макар и платил казна.
Не ја признавам владата на Заев и Ахмети, и се залагам за нивно лишување од слобода. Спрема тоа вие ” дисјаспорци, фејсбук патриоти” кажете им на тие што ги повикувате каде е логиката да подржуваш некој кој треба да оди во затвор и кој сака да ти ја распарчи Татковината? Размислете добро!
Стоп за неуставниот и однапред фалсификуваниот Попис на Заев, стоп за “Албанизација” на Македонија.
Бев и останувам Македонец каде и да сум, и секогаш ќе сум на страната на Македонскиот народ.
Денес е прочка простетете ми ако грешам!
Пишува: Васко Белески
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.