Слично е и со Советот на обвинители, и покрај тоа што се чувствуваат извесни позитивни промени во обвинителскиот систем.

Објавил: Перо Милчин | 22 август, 2019 23:58

БЕЛИЧАНЕЦ: ВМРО ДПМНЕ обилно го злоупотребува болниот факт на Јанева, која требаше да биде најчесна, а таа го наруши авторитетот на СЈО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СКАНДАЛОТ СО СЈО КАТИЦА ПОКАЖА ДЕКА МАКЕДОНИЈА ИМА ИЗГРАДЕНО СИСТЕМ НА ОДБРАНА ОД КРИМИНАЛОТ БЕЗ РАЗЛИКА КОЈ Е СТОРИТЕЛ.

На удар се правниците!
Колку знам струката не го определува некого дали е чесен или нечесен. Во осумничениве и обвинетите ги има од сите струки.
Во многу мои постови се обидов да објаснам зошто тешко се гради основата на разурната држава во која немало право и владеење на правото.

За жал формално правниот систем е граден да ја штити самостојноста на судството преку Судскиот совет кој ја злоупотребува таа положба бидејќисеуште преовладуваат во неговиот состав окупуран груевистите. Тоа е евидентно. И покрај утврдената одговорност на Претседателот на Врховниот суд и неколку врховни и други судии Судскиот не не ги сменува.

Слично е и со Советот на обвинители, и покрај тоа што се чувствуваат извесни позитивни промени во обвинителскиот систем.
Токму тој Врховен суд го блокира покренувањето на обвинувањето “Империја” во кој е содржана македонската мафија која контролира две третини од економските ресурси на земјата.

Најдоа слаба точка кај Катица СЈО и изведоа неопростив некој вид “државен удар” против обвинителските институции кои ги водат судските истраги и судски постапки.
Но тоа не значи дека институцијата СЈО е доведена во прашање. Се покажа дека и Јавното обвинителство за организиран криминал направил значаен исчекор. Во тек се пред судовите завршните најзначајните судења за обвинувањата од бомбите кои СЈО ги застапуваат и треба да завршат со пресуди.

Претстојат судењата за врвните учесници во државниот пуч од 27 април според обвинувањето кое го покрена ОЈ за организиран криминал.
Истражени се во СЈО преку 20 нови откриени криминали за кои треба да се покренат обвинувања. Во тек се и други бројни истраги.
Не смее демократска јавност да му допушти да преовлада неговата офанзива на ширење на дефетизам и омаловажување на обвинителствата и сидовите. ВМРО ДПМНЕ обилно го злоупотребува и за мене болниот факт дека СЈО Катица која требаше да биде најчесна го наруши авторитетот на СЈО со што ги фрли сенка на масовните судења и нови обвинувања.
Не може да се потцени како што тоа се прави во бројни постови нихилистички трудот на чесните обвинители и судии бидејќи голем број обвиненија и судења се во тек.
Напорите на извршната, судската и законодавната власт за правна држава и владеење на правото продолжуваат.

Не се сите обвинители, судии и адвокати корумпирани. Тоа го покажуваат преку 30 веќе донесени пресуди!
Не велам дека не боли тоа што се случи со СЈО Катица и не делува депримирачки но наместо промоција на песимизам треба да се промовира активизам и притисок над обвинителството и судството за уште поуспешна активност и ефективност во борбата со криминалот.

Фб статус на Тито Беличанец

Тито Беличанец е македонски правник, редовен професор нa Прaвниот фaкултет во Скопје и публицист.

Објaвил неколку моногрaфии и коментaри нa зaкони кои се рецензирaни при изборот нa вонреден и редовен професор. Член е нa стручни и општествени телa во Мaкедонијa. Од 1986 до 1991 годинa бил член, a подоцнa и потпретседaтел нa Извршниот совет нa Собрaнието нa СРМ и претседaтел нa Комисијaтa зa односи со верските зaедници.

Од мaрт 1998 годинa е член нa Венецијaнскaтa комисијa нa Советот нa Eвропa. Во текот нa 1981/82 и 1982/83 годинa бил декaн нa интердициплинaрните студии по новинaрство. Во текот нa учебнaтa 1983/84 годинa и 1984/85 годинa бил продекaн нa Прaвниот фaкултет во Скопје. Член е нa Претсетaлеството нa Здружените нa прaвници во стопaството нa Мaкедонијa и претседaтел нa Советот нa Центaрот зa трговско прaво во рaмките нa проектот нa USAID. Беличанец живее во Скопје. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Инвестираме 121 милиони денари за замена на постоечките нееколошки системи за греење, за набавка на пречистувачи за воздух за градинките, училиштата и здравствените и административните објекти.

ЗАЕВ: “ВЛАДАТА ИНВЕСТИРА ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ ЗА СИТЕ”

Премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи објави дека владата инвестира во почист...

Оние ,,патриотине" од дијаспора, кои, киснат на профили и мастурбираат, не се важат - пошто не се во избирачки список. Не гласаат.

ЈОЦИ: “Фетаи самата може во рок од половина час, сите фашисти да ги среди-Додека лакира нокти”

Фетаи, самата може, во рок од половина час, сите фашисти да ги среди. Додека лакира нокти,...

Аферата Рекет само ги потврди сомневањата дека првиот човек на СЈО е носител на криминални активности во кои се вклучени и многу други.

Трајанов: “Првиот човек на СЈО е носител на криминални активности во кои се вклучени бизнисмени и политичари„

Поранешниот пратеник и министер Павле Трајанов, кој е и лидер на вон парламентарниот...

Мој совет до власта е дека е подобро од половина пат да се вратиш назад, отколку по погрешен пат да одиш до крај!

СТОИЛКОВИЌ: “Воодушевен сум од условите во Шутка и напредокот во однос на затворениците”

Знам дека ќе молчат, знам дека лицемерието ќе ги изеде као рѓата што го јаде железото,...