Дизелот и овој пат помина со поблаго поевтинување и ќе чини 45,50 денари.

Објавил: Перо Милчин | 23 март, 2020 14:02

БЕНЗИНИТЕ НА НАЈНИСКО НИВО ДО СЕГА: Големо поевтинување на горивата!

Фото/Текст извор: ©а.магазин

Регулаторната комисија за енергетика одлучи горивата кај нас уште еднаш драстично да поевтинат – за 3 односно 5 денари по литар.

Од ноќеска на полноќ ќе точиме бензин од 95 октани по најниска цена откако овој вид гориво кај нас е воведен – 49,50 денари.

Цената на поскапиот бензин од 98 октани се корегира за минус 4,50 денари и ќе изнесува 52 денари за литар. Цената на „еуродизелот“ се намалува за 3 денари, и еден литар од полноќ ќе чини 45.50 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 34,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,195 ден/кг и ќе изнесува 18,738 денари за килограм. Според тековните движења регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука за намалување на нафтените деривати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Пакетот вклучува ненаменски потрошувачки кредит, дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кредитна картичка.

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Анализа на потрошувачки кредит на Централна

Ви го претставуваме кредитниот пакет “Доверба” на Централна кооперативна банка...

Според Анѓушев, кризата предизвикана од коронавирусот е многу полоша и многу пожестоко ќе се одрази врз економијата од финансиската криза пред 10-ина години.

АНЃУШЕВ: Коронавирусот донесе поголема криза од онаа пред 10-тина години!

Во емисијата Клик плус на ТВ 21, поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев...