Од вечерва на полноќ, цените на бензините ќе се зголемат по еден денар, додека цената на дизелот ќе се зголеми за денар и половина!

Објавил: Перо Милчин | 30 ноември, 2020 13:15

Бензините поскапуваат за денар, дизелот за денар и половина

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)!

Од вечерва на полноќ, цените на бензините ќе се зголемат по еден денар, додека цената на дизелот ќе се зголеми за денар и половина!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 23.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 23.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 23.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,501 ден/кг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со свој став денеска на социјалните мрежи се произнесе и поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Пред бугарската фашистичка окупација, 23 години бевме под српска!

Во јавноста се појавија големи реакции откако премиерот Зоран Заев најави дека зборот...

За Митевски, кривичната пријава на три дена пред почетокот на предизборната кампања во која тој ќе се бори за нов четврти мандат за градоначалник на општина Петровец е само обид на власта да се оцрни неговото име.

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ И УШТЕ ЧЕТИРИ ЛИЦА

Во пресрет на локалните избори градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски,...

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Шандева Доневска рече дека предлогот потекува од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Куманово ќе донира 100.000 денари за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница

Советот на Општина Куманово на вчерашната седница едногласно донесе одлука за давање...