Тогаш Зангрлио посочи дека тој е асимптоматски пациент и дека ќе остане во својот дом но сепак ситуацијата на Берлускони се влошила по што морал да биде префрлен во болница.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 септември, 2020 15:21

БЕРЛУСКОНИ ВОДИ ЖИВОТНА БИТКА: Следните три дена пресудни за здравјето на поранешниот премиер заболен од корона!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Следните три дена ќе бидат пресудни за поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (84), кој се наоѓа во болница во Милано поради вирусот „Ковид-19“, изјави денес професорот Алберто Зангрило, докторот кој го лекува Берлускони.

Берлускони, кој во четвртокот објави дека е позитивен на вирусот, се лекува во болницата Сан Рафаеле во Милано од пневмонија, пренесува Би-Би-Си.

Пациентот во моментот е сталожен, рече Зангрило. 

Како што се наведува, и децата на Берлускони исто така се разболеле од вирусот Ковид-19.

За потсетување, Берлускони, пред три дена беше примен во болница поради компликации од коронавирус.

Тогаш Зангрлио посочи дека тој е асимптоматски пациент и дека ќе остане во својот дом но сепак ситуацијата на Берлускони се влошила по што морал да биде префрлен во болница.

Тој е сопственик и основач на повеќе медиумски компании кои се познати и како „италијанско медиско царство“. Според магазинот Форбс, Силвио Берлускони е најбогатиот човек во Италија, со имот вреден 12,000,000,000 долари во 2005, а истовремено и 25-ти најбогат човек на светот

Берлускони во периодот кога Италија беше најпогодената земја во Европа од Ковид 19, беше во својата куќа во Франција- Ница, а потоа неколку дена помина во Сардинија

Силвио Берлускони е лидер на политичкото движење Форца Италија (Forza Italia). Партија е основана во јануари 1994, и првпат се кандидирала за општи избори во март истата година.

Берлускони бил премиер седум месеци во 1994 година. Во 2001 повторно е поставен на истата функција; втората влада на Берлускони е најдолготрајната во историјата на италијанската република. На 20 април 2005, Берлускони понуди оставка на својата влада по поразот на регионалните избори и внатрешните проблеми во коалицијата. На 23 април 2005 формираше нова влада без поголеми промени во составот.

На парламентарните избори во април 2006, коалицијата на Берлускони изгуби од левата коалиција на Романо Проди. Победата беше многу тесна (помалку од 1%), па Берлускони долго време ги оспоруваше резултатите, за конечно, на почетокот на мај, да поднесе оставка.

Тој е сопственик и основач на повеќе медиумски компании кои се познати и како „италијанско медиско царство“. Според магазинот Форбс, Силвио Берлускони е најбогатиот човек во Италија, со имот вреден 12,000,000,000 долари во 2005, а истовремено и 25-ти најбогат човек на светот.

Беше претседател и на фудбалскиот клуб Милан во периодот од 1986 до 2004; по неговата оставка – која беше изнудена со закон – на 26 декември 2004 тимот е одбра нов претседател па денес тој е само сопственик на тимот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Слична е ситуацијата и во Британија, па минатата недела курсот на фунтата потона за повеќе од 3 отсто, на 1,0840 долари, најниско ниво во последните 37 години.

Еврото нагло падна – далеку e под еден долар

НА ГЛОБАЛНИТЕ пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути силно порасна...

На една од фотографиите може да се види посветлиот дел на кожата на едната рака, многумина забележаа голема сличност со човечките прсти.

Горила во зоолошка во Атланта има прсти како човек(ВИДЕО)

Горилата Анака од зоолошката градина во Атланта има прсти кои наликуваат на човек. На...

Откако веќе прифати во јули да го спаси главниот увозник на гас со спасувачки договор од 15 милијарди евра, државата сега ќе го откупи 56% од акциите на финскиот Фортум за 0,5 милијарди евра.

ГЕРМАНИЈА ГО НАЦИОНАЛИЗИРА ЕНЕРГЕТСКИОТ ГИГАНТ УНИПЕР ПОРАДИ ГАСНАТА КРИЗА

Германската влада се согласи на национализација на енергетската компанија Унипер,...