
Свет
Вести
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој беше хоспитализиран на 3 септември поради инфекција на белите дробови предизвикана од коронавирусот, денеска е пуштен од болница.

-Тоа беше тешко искушение, но благодарение на небото и лекарите од Сан Рафаел, излегов од ова искушение, можеби најопасното во мојот живот, изјави Берлускони во краткото обраќање и им се заблагодари на сите.
Берлускони, на 29 ти овој месец ќе наполни 84 години успеа да го победи коронавирусот, иако претходно изјави дека многу е тешка борбата со како што го рече “ѓаволската болест”.
„Се борам против оваа проклета болест, многу е гадна“, рече Берлускони, одговарајќи на телефон на политичкиот митинг на неговата партија Форка Италија.
Инаку тој на 2 септември објави дека е позитивен на вирусот, а исто така заболени беа и неговите деца Барбара (36) и Луиџи (31), но и неговата нова партнерка, 30-годишната Марта Фашина.
Поранешниот италијански премиер беше хоспитализиран како пациент со висок ризик поради возраста и претходните здравствени проблеми, вклучително и интервенција на отворено срце.
Тогаш на Берлускони му беше дијагностицирана „инфекција на белите дробови во рана фаза“. (МИА)
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.