
Македонија
Вести
Со 12 гласа „ЗА“ и еден против членовите на Судскиот совет ја избраа судијката Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд, пренесе Канал 5!
Поддршка со мнозинство гласови доби и од членовите кои приѓааат на етничките заедници, во сооднос со 4 према 1.Судијката Беса Адеми има вкупен судиски стаж од 16 години. Прво како судија во Апелациониот суд, а од 2009-та година е врховен судија.
Во професионалната биографија на Адеми стои и дека била заменик јавен правобранител.
За ова престижно место конкурираа и врховните судии Лидија Неделкова и Џемали Саити, за кого претседателот на Судскиот Совет Киро Здраевев кажа дека бил сериозна конкуренција на судијката Адеми.
Во изборот, рече Здравев, пресудно било што таа е жена, но и тоа дека е со најдолг стаж во Врховен во споредба со тројцата кандидати.
Мнозинството на членови на Судскиот совет кои гласаа “ЗА” во образложението кажаа дека Беса Адеми е подготвена да се соочи со предизвиците во судството и дава надеж, но и тоа дека досега во нејзината кариера немала ниту еден скандал. Единствен кој гласаше против беше Мирсад Сурои кој рече дека не би гласал за ниту еден од тројцата кандидати. Здравев тврди дека во изборот на нов претседател на Врховниот суд немало политички влијанија.
На седницата не беа присутни в.д. претседателот на Врховен Фаик Арслани и министерот за правда Бојан Маричиќ, кои со новите законски измени немаат право да одлучуваат при избирањето на претседатели на судови.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.